Граѓаните со можност да добијат совети за нивните права од пензиското и инвалидското осигурување: советодавни денови помеѓу Фондот на ПИОМ и германскиот носител за пензиско осигурување

На 18 и 19 ноември 2025 година во Скопје ќе се одржат редовните советодавни денови помеѓу претставници на Фондот на ПИОМ и Германскиот носител за пензиско осигурување. Во рамките на советодавните денови граѓаните ќе имаат можност да добијат совети за нивните права од пензиското и инвалидското осигурување кои произлегуваат со примената на Договорот за социјално осигурување склучен помеѓу Владата на …

Continue Reading

Почината жена пронајдена во куќа во Струга

Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира …

Continue Reading

Тетовец извршил обљуба врз малолетно девојче

Татко пријавил во полиција дека маж од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. Имено на 10.11.2025 во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријавил дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Тероризмот е закана која бара одлучен, заеднички и координиран одговор: Пратеничка група на Собранието со израелската амбасадорка

Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на државата Израел оствари средба со израелската амбасадорка Вивиен Ајзен и Амира Халперин, виш научен соработник за БИКОМ. Претседателката на пратеничката група, Рашела Мизрахи, истакна дека средбата е уште една потврда за силните и пријателски односи со Израел, уште од воспоставувањето на дипломатските односи во 1995 година. Израел е клучен партнер на …

Continue Reading

Општина Илинден: Се гради нов плочест мост и сервисна улица во Марино

Интензивно се вршат градежните активности на терен за реализација на проектот за изградба на нов плочест мост и сервисна улица „500“ во населеното место Марино, соопштија од Општината Илинден. Со проектот, како што појаснуваат, ќе се реализира изградба на нов плочест мост со коловоз широк 6 метри и тротоари од по 1,5 метар од двете страни, со што ќе се …

Continue Reading

P2P.mk на e-Commerce конференцијата: Нови пари, нова филозофија

Да се биде дел од е-Commerce конференцијата, значи да се биде таму каде што се дефинира иднината на дигиталната економија. Над 800 учесници, десетици стартапи, инвеститори и визионери и една заедничка мисла: дека финтекот не е само технологија, туку култура на доверба. Во рамките на програмскиот блок „How to Get Funded – the Smart Way“, публиката имаше прилика да го …

Continue Reading

(Видео) Се урна турски воен авион во близина на границата меѓу Азербејџан и Грузија

Турски воен товарен авион се урна денес во близина на границата меѓу Азербејџан и Грузија, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува „АП њуз“. Министерството објави на социјалните мрежи дека авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и се враќал во Турција. Сè уште не е познато колку членови на екипажот биле на авионот. Започната е операција за пребарување и спасување во координација …

Continue Reading

„Заштитата на Преспанското Езеро треба да биде највисок приоритет“: Сиљановска-Давкова во посета на Ресен

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска е во работна посета на Општина Ресен. Во рамки на посетата, таа оствари средби со градоначалникот Јован Тозиевски, членовите на Советот на општината и со граѓаните на Ресен. Тие ја запознаа со локалните проблеми, а особено беше нагласено прашањето за миграцијата и одливот на младите од Ресен и Преспанскиот регион. Се акцентираше и важноста на проектот …

Continue Reading

Претседателот на Чешка: Руските нарушувања на воздушниот простор на НАТО мора да бидат запрени со сила

Повторените нарушувања на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО од страна на Русија не треба да се толерираат бесконечно и на нив мора да се одговори со сила, изјави денес чешкиот претседател Петр Павел. За време на дискусијата со средношколци во регионот Карлови Вари, Павел рече дека верува оти е потребен соодветен одговор на нарушувањето на воздушниот простор на членките …

Continue Reading