Манчини ќе му биде тренер на Роберто Фирмино
Познатиот италијански тренер Роберто Манчини (60) постигна договор за нова профитабилна работа. Како што објавува секогаш добро информираниот италијански новинар и инсајдер Фабрицио Романо, неговиот сонародник Роберто Манчини ќе стане нов тренер на Ал Сад, најтрофејниот и најбогат катарски клуб. Двете страни веќе постигнале договор. „Роберто Манчини утре лета за Доха за да го потпише договорот како нов главен тренер …
Continue Reading
Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле
Најмалку 42 мигранти се водат за исчезнати и се верува дека се удавиле кога гумен чамец се превртел кај либиското крајбрежје, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ). Спасени се седум лица кои шест дена пловеле по морето по потонувањето на чамецот со вкупно 49 лица во близина на нафтното поле Ал Бури, северозападно од либискиот брег. Според ИОМ, мигрантите потекнуваат …
Continue Reading
ОДРЖАНА ВТОРАТА СЕДНИЦА НА НОВИОТ СОВЕТ
Денес се одржа втората седница на новиот совет на Општина Охрид. Пред советниците беа единаесет точки, кои беа надополнети со уште две за прекинување на мандатот и верификација на нов мандат. Констатирана беше оставката на советничката Марина Ѓоргоска, а на нејзинот место беше верификуван мандатот на новата советничка Рита Неранџоска. Во продолжение советниците ги екипираа статутарно-правната комисија, комисијата за финансии …
Continue Reading
12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот
Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар. Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот. Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, …
Continue Reading
Две жени затекнати како питачат во Тетово, едната со две мали деца – aкција на МВР и Центарот за социјални работи
Во текот на 11 ноември, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Центарот за социјални работи, спровеле акција за сузбивање на питачењето на подрачјето на градот. Акцијата се одвивала од 11 до 16 часот, а при контролите биле затекнати две жени кои питачеле на јавни места. Околу 12:20 часот, на кружниот тек кај улиците „Маршал Тито“ и „Илинденска“ била …
Continue Reading
Поранешен играч на Јунајтед го тужи клубот за небрежност при лекување на повреда
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Аксел Туанзебе, го тужи клубот за 1 милион фунти (1.300.000 евра) поради наводна „клиничка небрежност“ во третманот на повреда на грбот, тврдејќи дека таа му предизвикала „сериозни“ и долгорочни проблеми. Туанзебе, кој поминал низ познатата фудбалска академија на клубот, ја поднесе тужбата во Високиот суд уште во јули, а сега се откриени клучни детали од …
Continue Reading
Млада девојка од Прилеп тешко повредена во судир со товарно возило во Битола
Попладнето на 11 ноември во Битола се случила сообраќајна несреќа кај спојот на улиците „4 Ноември“, „Влатко Миленковски“ и „Димитар Илиевски–Мурато“. Во несреќата учествувале товарно возило „Фолксваген“ со битолски таблички, управувано од 20-годишен возач од Битола, и електричен тротинет „Шаоми“, со кој управувала дваесетгодишна девојка од Прилеп. Од ударот, младата возачка на тротинетот се здобила со тешки телесни повреди и …
Continue Reading
Пешак тешко повреден во Радовиш – возачот прво избегал, па се вратил на местото на несреќата
Вчера на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „шевролет“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Д. (72) од Радовиш, удрило во пешакот С.Г. (66), исто така од Радовиш. Возачот го напуштил местото на несреќата, но подоцна сам се вратил, соопшти МВР. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот …
Continue Reading
(Фото) Почна изградбата на мега паркот во Бутел
Мега парк со богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони, со содржини наменети за сите возрасти, кој ќе се простира на површина од 8000 метри квадратни, вака го најави новиот проект градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Изградбата на паркот почна денеска, кој е прв проект ветен во програмата на Ѓорѓиевски. „Денес, заедно со градоначалникот на …
Continue Reading