Јубилејна атлетска експлозија во Гевгелија: рекорди, хуманост и врвни имиња на „November Run 2025“

Гевгелија, овој викенд, живееше во ритамот на атлетиката. Улиците на градот беа претворени во спортска арена, каде вкупно 3.000 учесници- деца, рекреативци и врвни атлетичари- ја исполнија петтата, јубилејна трка „November Run Gevgelija“. Настанот, организиран од Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија, годинава постави нови стандарди и донесе невидена меѓународна атлетска конкуренција. Програмата започна во саботата (15 ноември) со инклузивната трка …

Continue Reading

Шефот на Би-Би-Си: Трамп нема основа за тужба

Британската Би-Би-Си ќе се спротивстави на секоја правна постапка што ќе ја покрене Доналд Трамп против неа, изјави директорот на јавниот радиодифузен сервис, додавајќи дека нема основа за тужба за клевета поради начинот на кој е монтиран еден од говорите на американскиот претседател. Трамп пред три дена изјави дека веројатно ќе ја тужи Би-Би-Си оваа недела за износ до пет …

Continue Reading

Албанија го отвори последниот преговарачки кластер со ЕУ

Албанија денес ги отвори преговорите во последниот од вкупно шест преговарачки кластери, кои ги опфаќаат земјоделството, кохезиската политика и буџетот, а сега останува да го затвори поглавјето. „Албанија покажа дека е посветена на европскиот пат, дека има јасна политичка посветеност, беше особено пофалена затоа што е 100% усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“, изјави хрватскиот државен секретар …

Continue Reading

Поранешен руски премиер и помошник на Путин премина во опозиција, сега е на списокот на терористи

Поранешниот руски премиер Михаил Касјанов и водечкиот економист Сергеј Гуриев се ставени на списокот на „екстремисти и терористи“, објави денес веб-страницата на рускиот финансиски надзорник Росфинмониторинг. Русија, исто така, го прогласи Касјанов за странски агент во ноември 2023 година. Касјанов беше премиер во првите четири години од власта на претседателот Владимир Путин. Тој беше разрешен во февруари 2004 година, неколку …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: ЕУ сè уште нема јасна стратегија за нашата европска интеграција и практикува двојни стандарди

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на којашто се дискутираше за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2025 година. Укажувајќи на неиздржаноста на забелешките за немањето политичка волја во …

Continue Reading

Министерот Тошковски опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој вели дека следи краток период на опоравување и уверува дека МВР продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. „Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на …

Continue Reading

Алиу: Има напредок во третманот за предвремено родените бебиња во Македонија

Светскиот ден на предвременото породување, кој се одбележува на 17 ноември, годинава доби историско признание од Светската здравствена организација(СЗО) која официјално го додаде овој датум на својот календар. Ова глобално признавање ја нагласува итната потреба предвременото раѓање да се третира како приоритет на јавното здравје. Главна движечка сила зад ова достигнување е Дорис Молел, основач на фондацијата „Doris Mollel“ од …

Continue Reading

Авганистанци криумчареле мигранти во земјава: Откриени се два импровизирани кампови на границата со Србија

Во голема полициска операција вчера, во место викано Ресуљка во близина на граничната линија помеѓу Македонија и Србија беа откриени два импровизирани кампови во кои се пронајдени осум илегални мигранти, од кои двајца од Пакистан и шест од Авганистан, меѓу кои и две деца, соопшти МВР. Истиот ден, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, до …

Continue Reading

ЧИСТО Е УБАВО – ОХРИД СЕЛЕКТИРА

Во организација на ЈП „Охридски комуналец“,  а со поддршка на Општина Охрид вчера на градскиот плоштад  „Св. Колимент Охридски“ се одржа pop-up настанот „Чисто е убаво – Охрид селектира“! Стотици деца  и  возрасни  преку песна и  игра учеа за селекција и правилно управување со отпад. Вработени од  ЈП „Охридски Комуналец“ и Општина Охрид  претставници од Црвен Крст, „Збогум Буково“, професори …

Continue Reading