Утре почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители
Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува утре, во судницата во затворот „Идризово“. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација. „Во …
Continue Reading
Премиера на филмот „Утре наутро“ на Јани Бојаџи на 19 ноември
Филмот „Утре наутро“ во режија на Јани Бојаџи премиерно ќе биде прикажан на 19 ноември во Синеплекс. Сценариото и режија се на Јани Бојаџи, продуцент: Јани Бојаџи, извршен продуцент: Дејан Милошевски, директор на фотографија: Дарио Секуловски, монтажер: Давид Дулев, продукциски дизајнер: Јани Бојаџи, сценограф: Гоце Попов, костимограф: Зорка Тодорова, шминкер: Ирена Сенокозлиовска, композитор: Јани Бојаџи. -„Утре наутро“ е политичка драма …
Continue Reading
Уапсени двајца криумчари од Албанија, пронајдени пет мигранти
Полицијата уапси две лица од Албанија осомничени за криумчарење мигранти. Вчера околу 03:30 часот на излез од Гевгелија кон автопатот Гевгелија – Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишија од слобода М.Е.(27) и 22-годишната В.Е., двајцата од Република Албанија. Имено, во наведеното време, полициските службеници забележале патничко возило „фолксваген туран“ со албански …
Continue Reading
Сведок на пожарот во Загреб: Слушнав гром, кога погледнав надвор, не можев да поверувам
Облакодерот на „Вјесник“ на Славонска авенија во Загреб, каде што вчера кратко пред полноќ избувна пожар, сè уште гори утрово, делови од фасадата паѓаат, а загрепските пожарникари се бореа со пожарот цела ноќ. Се проценува дека ќе биде потребен цел ден за да се изгасне. 93 пожарникари со 30 возила го гаснат пожарот. „Работев тука речиси 30 години. Облакодерот …
Continue Reading
Пожарникарите објавија фотографии од внатрешноста на облакодерот во Загреб
Загрепските пожарникари објавија детали за интервенцијата и фотографии од облакодерот Вјесник. „Добивме пријава за густ црн чад и видливи пламени што доаѓаат од зградата Вјесник на неколку ката. По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите почнаа да го гаснат пожарот на 15-тиот кат. Кратко по почетокот на интервенцијата, пожарот се прошири на сите ката од 5-тиот и нагоре, поради што …
Continue Reading
23-годишник од Волково принудувал петгодишно девојче на полови дејствија, поднесено обвинение
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. Во временскиот период од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее …
Continue Reading
(Видео) Контроверзи и тензична атмосфера на трибините во Подгорица
Тензична атмосфера го одбележа натпреварот меѓу Црна Гора и Хрватска во Подгорица. „Коцкестите“ славеа по големиот пресврт (3:2), а во регионалните медиуми, повеќе се зборува за навивачите отколку за играчите. Гостинските навивачи, извикуваа „За дом спремни“ (усташки поздрав од периодот на Втората светска војна) и „Убиј го Србинот“, додека Црногорците ги придружуваа таквите извици со свирежи. Тие не застанаа тука, …
Continue Reading
Филипче слепо ја следи агендата на Заев и ја игнорира потребата од реформи во партијата, смета ВМРО-ДПМНЕ
Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги игнорира барањата на базата во партијата и ја занемарува потребата од реформи, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче доживеа дебакл на изборите со само 120 илјади гласа и 6 општини ја уништи довербата кај граѓаните и членството на партијата. Единствен приоритет на …
Continue Reading
Започна аплицирањето за набавка на електронски уреди, 55.000 студенти добиваат по 15.300 денари, информира Владата
„Ветеното, го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или 15.300 денари за набавка на електронски уреди, лаптоп, таблет или персонален компјутер“, велат од Владата. „Оваа мерка на Владата подразбира дека сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните …
Continue Reading