Има место за сите во нашиот тим – започна нова кампања против дискриминација во фyдбалот

Денес, на Светскиот ден на детето, Министерството за образование и наука, Министерството за спорт, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Фудбалската федерација на Македонија и УНИЦЕФ ја започнаа кампањата „Еден тим за секое дете – нулта дискриминација“. Иницијативата има за цел промоција на фер-плеј, инклузија и почитување на секое дете – со особен фокус на девојчињата, децата Роми и …

Continue Reading

Пожарникари од Старо Нагоричане спасија куче паднато во длабока шахта во училиште

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане вчера извршија спасувачка интервенција во Основното училиште во селото Младо Нагоричане, во маалото Ѓорговци. Вработените во училиштето околу 10 часот пријавиле дека куче паднало во длабока шахта во дворот на објектот. На местото пристигнало едно возило и двајца пожарникари од ТППЕ Старо Нагоричане, кои по едночасовна интервенција успеале безбедно да го извлечат животното. …

Continue Reading

(Видео) Полски медиуми: Нападнат нашиот амбасадор во Русија, објавена снимка од инцидентот

Полскиот амбасадор во Русија, Кшиштоф Крајевски, бил нападнат во Санкт Петербург од група демонстранти кои протестирале против полската поддршка за Украина, пренесуваат полските медиуми. Инцидентот се случил во неделата, додека дипломатот бил на пат кон Католичката црква „Св. Катарина“ по повод Денот на независноста на Полска. Според „Газета Виборча“, амбасадорот бил опколен од агресивна група што носела транспаренти со антиполски …

Continue Reading

„Лукоил“ во завршна фаза на продажба на рафинеријата во Бугарија – компанијата предупредува на заштита на сопственичките права

Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ соопшти дека е во завршна фаза од продажбата на својата имотна структура во Бугарија, вклучувајќи ја рафинеријата „Лукоил Нефтохим Бургас“ и мрежата бензински станици. Компанијата предупреди дека ќе преземе правни мерки доколку специјалниот управител назначен од бугарската влада ги повреди нејзините сопственички права. Вашингтон на крајот на октомври воведе санкции за „Лукоил“ и „Роснефт“ со цел …

Continue Reading

Повеќе од 400 милиони деца живеат во сиромаштија

Повеќе од 412 милиони деца во земјите со ниски и средни приходи живеат во сиромаштија и се лишени од основни потреби како образование, здравствена грижа и соодветна исхрана, се наведува во извештајот на УНИЦЕФ објавен по повод Меѓународниот ден на детето. Според извештајот, најпогодени се децата во субсахарска Африка, а сериозна состојба е забележана и во јужна и југоисточна Азија …

Continue Reading

Национален инвентар на јавни згради – точниот увид ќе донесе план за реконструкција, пониски трошоци и заштеди

Денес започна процесот за создавање на Национален инвентар на јавни згради – база на податоци што треба значајно да го подобри начинот на кој државата ги планира, инвестира и управува со јавните објекти. Настанот во Свечената сала на Владата ги обедини претставниците на ресорните министерства, општините и јавните институции, кои го истакнаа значењето од систематско прибирање и анализа на податоци …

Continue Reading

Јавна презентација и јавна анкета за измена и дополнување на Блок 19 од Урбанистички план за село Прдејци, општина Гевгелија, плански период 2025-2035 година

Општина Гевгелија организира јавна презентација и јавна анкета за измена и дополнување на Блок 19 од Урбанистички план за село Прдејци, општина Гевгелија, плански период 2025-2035 година. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на 1 декември 2025 година (понеделник), во Домот на културата во с. Прдејци, со почеток во 12.00 часот. Јавната анкета ќе трае 30 …

Continue Reading

Утре почнува собирањето потписи за независни кандидати за градоначалници во четири општини

Утре, 21 ноември 2025 година, започнува постапката за собирање потписи за кандидирање независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, соопшти Државната изборна комисија. Потписите ќе се собираат пред службените лица во надлежните подрачни одделенија и канцеларии на ДИК, како и пред нотар, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. Последниот ден, 30 …

Continue Reading

Се санира паркот во близина на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Кисела Вода

Во завршна фаза е санацијата на паркот во близина на црквата „Св. Ѓорѓија“, проект што се реализира преку партнерство меѓу Општина Кисела Вода и компанијата „Пелистерка АД Скопје“. Станува збор за значајна интервенција на простор кој долго време се наоѓаше во незавидна состојба и бараше целосно обновување. Во рамките на активностите извршено е целосно поплочување со нови павер елементи на …

Continue Reading