Спречен обид за криумчарење хашиш на скопскиот аеродром, едно лице е приведено

Царинската управа спречи обид за криумчарење хашиш на скопскиот аеродром, едно лице е приведено и поднесена е кривична пријава против него. „Царински службеници на влез во државата на Меѓународен Аеродром Скопје спречија обид за криумчарење 48,8 грама хашиш, скриен во личен багаж на гостиварчанец родум од Швајцарија, кој патувал со лет Цирих – Скопје. Случајот е откриен при детална контрола …

Continue Reading

Општина Гевгелија – Одбележување на Ноември, Месецот на машкото здравје: Видеокампања за подигање на свеста за машкото здравје 2025 година

Општина Гевгелија, во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Гевгелија, ја реализира видеокампањата посветена на подигање на свеста за машкото здравје, во рамките на одбележувањето на Ноември- Месецот на машкото здравје за 2025 година. Кампањата има за цел да ја информира јавноста за значењето на превентивните прегледи, раната дијагноза и здравите животни …

Continue Reading

Муцунски ја претстави Националната стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска го претстави предлог-текстот на новата „Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030“, како петгодишен план за развој на соработката со претставниците од дијаспората, иселениците и припадниците на македонското национално малцинство. „Денес не претставуваме само документ. Денес ја претставуваме нашата обврска, нашата зрелост и нашата одлучност како држава – конечно, вистински, …

Continue Reading

Италија официјално го прогласи фемицидот за кривично дело казниво со доживотен затвор

Италијанскиот парламент одобри нов закон со кој формално се воведува фемицидот во кривичниот законик на земјата, казнувајќи го со доживотен затвор. Гласањето се совпадна со Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, ден одреден од Генералното собрание на ОН. Поддржан од конзервативната влада на премиерката Џорџија Мелони, законот реагира на низа убиства и друго насилство насочено кон жените во …

Continue Reading

(Видео) Тепачка во Белград: опозицијата се судри со полицијата

Откако полицијата повторно ги блокираше пратениците од опозицијата кои се обидуваа да влезат во зградата на парламентот во Белград, пред зградата избувна стампедо и физичка пресметка. Пратениците од опозицијата се обидоа да поминат низ таканаречениот Чациленд, шаторска населба пред влезот, повикувајќи се на вчерашното ветување на претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, дека ќе им биде дозволено да го сторат тоа, …

Continue Reading

Проблем за Реал пред Олимпијакос, Алонсо остана со само еден стопер

Реал Мадрид ќе биде хендикепиран вечерва во Атина, против Олимпијакос во петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Тимот на Чаби Алонсо, поради лошите резултати (три натпревари без триумф) има императив на победа. Клубот вчера потврди дека голманот Тибо Куртоа нема да биде во составот поради вирусна инфекција, додека тренерот Чаби Алонсо ќе има на располагање само еден …

Continue Reading

Поранешната портпаролка на Зеленски: Губиме, секој следен договор ќе биде полош

Поранешната портпаролка на Володимир Зеленски, Јулија Мендел (2019-2021), коментираше за ситуацијата на фронтот и тековните мировни иницијативи, додека интензивните преговори продолжуваат за неколку паралелни мировни предлози, вклучувајќи го и мировниот план на САД од 28 точки, неговиот ревидиран нацрт од 19 точки и руските предлози кои, според „Ројтерс“ и „Блумберг њуз“, делумно се вклучени во верзијата на планот што моментално …

Continue Reading

Словенија ги призна возачките дозволи oд Македонија

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои им се овозможува на носителите на возачки дозволи издадени во Македонија, кои живеат во Словенија, да ја заменат својата возачка дозвола без да го полагаат практичниот дел од возачкиот испит. Истите бенефиции важат и за лицата чии дозволи се издадени во БиХ, Србија, Црна Гора и Косово. Според новите правила, секој …

Continue Reading

(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе се чисти секојдневно, скопјани заслужуваат убава, уредена и чиста метропола

Во рамки на тековните активности за уредување на јавните површини и подобрување на хигиената во градот, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја информира јавноста за интензивното чистење и одржување на кејот на реката Вардар. „Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито. Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат …

Continue Reading