Маестрална премиерна изведба – гевгелискиот „Скржавец“ го доведе до израз талентот на младите актери од Драмската секција

На 26 ноември 2025 година, Народниот театар- Гевгелија оживеа со смеа, енергија и младешки елан. Премиерно беше изведена комедијата „Скржавец“, во продукција на Драмската секција при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, која ја освои салата до последно место и остави незаборавен впечаток кај публиката. Маестралната премиерна изведба- гевгелискиот „Скржавец“ го доведе до израз талентот на младите актери од …

Continue Reading

Божиновска: ЕБОР останува еден од нашите најважни партнери во енергетскиот сектор

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која беше потврден силниот заеднички фокус кон унапредување на енергетската инфраструктура и забрзување на реформските процеси во земјата. На средбите се разговараше за неколку стратешки проекти што ќе започнат во следната година, меѓу кои и проектот за …

Continue Reading

Општина Кисела Вода: Бесплатни логопедски услуги достапни и во Драчево

Општина Кисела Вода соопшти дека ги проширува бесплатните логопедски, дефектолошки и психолошки услуги и за децата од Драчево и од околните населби Пинтија, Усје и Стаклара, како одговор на зголемениот интерес и реалните потреби на семејствата. Денес, во Домот на културата во Драчево, каде што ќе бидат сместени новите простории на ГАСПАР Центарот, беше промовирано проширувањето на оваа услуга. Настанот …

Continue Reading

Иднината на Македонија е во ЕУ, но без двојни стандарди, сè ќе сториме да ја реализираме таа цел, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање во врска со извештајот на Европската комисија за напредокот на државата и во однос на преземените чекори кон евроинтеграциите, ги потенцираше специфичните условувања кон Македонија, билатерализацијата на патот кон членство во Унијата, се наврати на однесувањето на минатите влади и неколкупати прифатените условувања вон Копенхашките критериуми, но и посочи на конкретни преземени мерки …

Continue Reading

„Црвенкапа“ на НУ Театар за деца и младинци го освои гевгелискиот публикум- овации и полна сала на Народниот театар

Во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 25 ноември, на сцената на Народниот театар- Гевгелија беше изведена популарната детска претстава „Црвенкапа“ во продукција на НУ Театар за деца и младинци. Настанот привлече огромно внимание, а салата беше исполнета до последно место од деца, родители и наставници, кои со громогласни овации ја наградија изведбата. Под режисерската …

Continue Reading

Фермин ќе паузира две недели

Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез, ќе биде надвор од терените во следните две недели поради повреда на листот, десната нога, објави каталонскиот клуб. 22-годишниот играч од средниот ред, европски и олимписки шампион со Шпанија, се очекува да ги пропушти следните три натпревари на каталонскиот клуб во лигата против Алавес, Атлетико Мадрид и Бетис, а неговото враќање се очекува да биде …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Балканскиот форум за интеграција 2025 во Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Црна Гора, по повод учеството на Балканскиот форум за интеграција 2025 којшто ќе се одржи во Подгорица во организација на Европското движење во Црна Гора и Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија. Сиљановска-Давкова ќе се обрати на сесијата насловена „Претседателите за ЕУ интеграциите – Имаме ли план?“ и …

Continue Reading

Филков до Европскиот фронт: Трагично е што дискусијата ја сведувате на пари вложени во судството а не направивте ништо додека бевте на власт

Министерот за правда Игор Филков говорејќи за Извештајот на ЕК за напредокот на државата на прашањето упатено од пратеничката Дијана Тоска од Европски фронт рече дека Министерството за правда во изминатите месеци има подготвено повеќе од 20 закони. ,, Пред да се навратиме на прашањето би сакал да ја потсетам целокупната јавност дека кога говориме за реформскиот процес тоа е …

Continue Reading

Муцунски со претставници на литванскиот Парламент – Сејмас: фокусот на унапредување на соработката со цел силна поддршка на процесот на проширување на ЕУ

Во рамки на работната посета на Литванија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево го посети литванскиот Парламент – Сејмас, каде оствари одвоени средби со пратеници, членови на Комисиите за надворешни работи и европски прашања, како и со Групата за меѓупарламентарна соработка со земјите од Западен Балкан. На средбите, Муцунски ја нагласи важноста на парламентарната соработка и …

Continue Reading