За мерката Самовработување се издвоени 2,5 милијарди денари, кажа Мицкоски
Самовработувањето е многу важна мерка и во Буџетот се издвоени средства коишто се од износ отприлика 2,5 милијарди денари, или околу 40 милиони евра, што е за 7,5 милиони повеќе од минатата година. И ова е историски највисока поддршка којашто до сега се случила, кажа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната седница за поставување на пратенички прашања. Премиерот Мицкоски …
Continue Reading
Мицкоски: Ако се жалат судиите со 3-4.000 евра месечни примања, тогаш како им е на дечињата во градинка кои немаат играчки за играње
Реновираме градинки, училишта, цениме дека е поголем приоритет отколку да ги зголемиме платите на судиите и обвинителите. Мислиме дека е фер, нагласи премиерот Христијан Мицкоски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања. Премиерот Мицкоски нагласи дека следен чекор кој, исто така, е важен се законите во ресорот правда. „Тоа се законите јавно обвинителство, за судови, за јавно обвинителска служба и …
Continue Reading
Амбасадорот на ЕУ во посета на Кочани
Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денес го посети Кочани. За време на неговата прва посета на општината по локалните избори, амбасадорот Рокас им оддаде почит на жртвите од неодамнешната трагедија и се сретна со новоформираните локални власти, како и со претставници на заедницата. Посетата започна на градските гробишта, каде што амбасадорот Рокас и неговиот тим положија …
Continue Reading
Николоски: Ќе набавиме најмалку пет нови електрични локомотиви
Обезбедивме средства од Европската банка за обнова и развој со кои ќе набавиме најмалку пет нови електрични локомотиви, модернизирање на Македонски Железници со кои ќе можеме да го оплужиме целиот карго превоз во земјава, истакна на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. -Во соработка со Европската банка за обнова …
Continue Reading
Јаневска: Нашите деца до 15 годишна возраст поминуваат 900 часови помалку на училиште во споредба со нивните врсници во Европа
Слабите резултати поврзани со читање со разбирање и математичка писменост кои ги покажуваат нашите ученици на меѓународните тестирања како ПИСА и ТИМСС се причина за крупните промени кои ги започнавме пред година и половина и ќе истраеме додека значително не го подобриме образовниот систем. Фокусирани сме на оптимизација на училишната мрежа и подобрување на инфраструктурните услови, но и на воведување …
Continue Reading
Мисајловски во посета на припадниците на македонската Армија во операцијата ЕУФОР – Алтеа
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Сараево ги посети припадниците на македонскиот контингент во операцијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина, ЕУФОР Алтеа, при што се информираше за нивниот ангажман и придонес кон безбедноста и стабилноста на земјата. На средбата со командантот на ЕУФОР, генерал-мајор, Флорин-Мариан Барбу, министерот го истакна значењето на оваа операција за безбедноста на регионот, …
Continue Reading
Путин: Украинските сили мора да се повлечат, ако не заминат, тогаш ќе го постигнеме тоа со воени средства
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес изјави дека нацрт-планот за мир што го дискутираат САД и Украина може да стане основа за идни договори за прекин на војната во Украина, но ако тоа не се случи, Русија ќе продолжи да се бори. „Општо земено, се согласуваме дека ова може да биде основа за идни договори“, рече Путин, додавајќи дека верзијата …
Continue Reading
Објавен идентитетот на Авганистанецот кој пукаше во гардисти пред Белата куќа, работел со ЦИА
Двајца припадници на Националната гарда, Сара Бекстром (20) и Ендру Волф (24), се во критична состојба откако синоќа беа застрелани во близина на Белата куќа во Вашингтон. Осомничениот за нападот е Рахманула Лаканвал, 29-годишен авганистански државјанин кој влегол во САД во 2021 година откако работел со американската влада, вклучително и со ЦИА, во Авганистан. Лаканвал, исто така, бил ранет во …
Continue Reading
Дожд до сабота, од недела пониски утрински температури
Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната …
Continue Reading