Се евакуираат девет села во јужен Либан пред најавените воздушни напади

Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа предупредувања за евакуација до жителите на девет села во јужен Либан, пред, како што наведоа, планираните воздушни напади врз Хезболах. Според воените најави, на жителите на селата Какајет ал-Шубара, Каутариет Ел Сајада, Меруанија, Гасанија, Тефахта, Ирзај, Баблија, Инсар и Ал-Баисари им беше наредено да се повлечат најмалку еден километар од нивните населби, објави „Тајмс оф …

Continue Reading

Поради врнежи дневната програма на „Виноскоп“ е одложена за утре

Дневната програма на фестивалот „Виноскоп“ за денеска е откажана и се преместува за утре поради најавените врнежи и од безбедносни причини, соопштија организаторите. Согласно измените, утрешната програма ќе се реализира на Школка во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 12:00 часот и ќе трае до полноќ. Во првиот дел од програмата, од 12:00 до 18:00 часот, посетителите ќе можат …

Continue Reading

Обид за разбојништво во Битола, со пиштол влегол во канцеларија

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (36) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“. Како што соопшти полицијата, осомничениот бил лишен од слобода околу 1 часот по полноќ од страна на полициски службеници, а при извршен претрес во неговиот дом, со наредба од Основен суд Битола, бил пронајден и …

Continue Reading

Во Чешка уапсен маж кој од црква украл череп стар речиси 800 години

Чешката полиција уапси 35-годишен маж осомничен за кражба на религиозна реликвија стара речиси 800 години – череп за кој се верува дека ѝ припаѓа на светата Здислава од Лемберк. Според полицијата, осомничениот признал дека ја украл реликвијата од црквата „Свети Ловро“ во северниот чешки град Јаблоне в Подјештеди. Истражителите со специјална опрема утврдиле дека черепот бил скриен во бетонски блок …

Continue Reading

Милошоски: Абази и Коларевиќ ги игнорирале извештаите на ДЗР во истрагата за „Мазут“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски денеска соопшти дека обвинителите Ислам Абази и Катерина Коларевиќ намерно ги изоставиле извештаите на Државниот завод за ревизија (ДЗР) во случајот поврзан со набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во вторникот соопшти дека ја запрело постапката за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ бидејќи во истрагата, …

Continue Reading

ЗНАМ повторно поставува прашања за фирми и деловни релации во Бугарија поврзани со раководството на СДСМ

По вчерашната прес-конференција на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, од партијата велат дека не добиле одговор од раководството на СДСМ, па денес повторно упатуваат прашања до Венко Филипче и СДСМ во врска со наводни фирми и деловни релации во Бугарија. Од ЗНАМ наведуваат дека молкот на СДСМ, според нив, „ги засилува сомнежите во јавноста“ и отвора прашања за тоа дали …

Continue Reading

Трамп: Убиен е заменик-лидерот на Исламска држава во американско-нигериска операција

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека во заедничка операција на нигериските и американските сили  „елиминиран“ е Абу Билал ал-Минуки, заменик-лидерот на Исламска држава во Африка, јавува ДПА. Во објава на Truth Social, Трамп рече дека војниците го отстраниле Ал-Минуки, кого го опиша како „најактивниот терорист во светот“ на терен. „Тој повеќе нема да ги тероризира луѓето од Африка, ниту …

Continue Reading

Се спрема ли „албанско сценарио“ за Законот за игри на среќа?

Старо-новиот предлог-закон за игри на среќа во Македонија сè повеќе личи на веќе виденото албанско сценарио, кое, поради корист на поединци, отвори широка врата за нелегалното обложување, реагираат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија. Кога владата на Еди Рама во Албанија во 2018 година помпезно најави целосна забрана на спортските обложувалници и казината, официјалниот наратив беше „крај на лудилото“ …

Continue Reading

Левица обвинува за лицемерие околу законот за игри на среќа

Опозициската Левица реагира дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го предлага истиот закон за игри на среќа со ограничување од 500 метри од образовни и верски објекти, кое, како што наведуваат, претходно било критикувано од сегашните владејачки структури како недоволно. Во соопштението на Левица, се посочува дека во 2023 година тогашниот опозициски функционер Изет Меџити изјавувал дека растојанието од …

Continue Reading