Паднато дрво усмрти жена во Софија

Силниот ветер што утрово ја зафати Софија предизвика тешка сообраќајна несреќа со смртни последици на патот кон планината Витоша. Огромно дрво паднало врз автомобил во движење на Беловодскиот пат, при што загина 31-годишна жена. Несреќата се случила околу 9:45 часот. Во возилото се наоѓало четиричлено семејство кое тргнало на излет. Жената, која седела на совозачкото место, починала на лице место …

Continue Reading

(Видео) Вулверхемптон во 20-то коло ја забележаа првата сезонска победа

Вуллверхемптон ја прекинаа најлошата низа во историјата на Премиер лигата. Во 20-то коло, ја забележаа првата победа во сезоната. Вулфс го победија Вест Хем со 3:0. Вулверхемптон ги решија „чеканите“ за едно полувреме. Победата ја најави Андраде по само четири минути игра, а по половина час Хванг зголеми на 2:0. Точка на победата, со првиот гол во сениорската кариера, стави …

Continue Reading

САД поднесоа ново обвинение против Мадуро, сопругата и синот

Министерството за правда на САД објави ново обвинение против венецуелскиот претседател Николас Мадуро, овој пат вклучувајќи ја неговата сопруга и син. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Мадуро е на пат кон Њујорк, каде што ќе се соочи со сериозни обвиненија за „наркотероризам“. Во обвинението се тврди дека Мадуро и неговите сојузници ги претвориле венецуелските институции во центар на …

Continue Reading

Стивен Ивановски е меѓу загинатите во пожарот во Кран Монтана

Младиот Стивен Ивановски, по кој се трагаше по пожарот во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана е идентификуван како загинат, пренесе телевизија Сител повикувајќи се на информации од блиски во семејството на Ивановски. Според известувањето на телевизијата, неговото тело било едно од само четирите идентификувани досега од загинатите најмалку 40 лица. Информациите што ги пренесува Би-би-си се дека досега се идентификувани …

Continue Reading

Жив и здрав е најден планинарот по кој се трагаше на Пелистер

Планинар од Прилеп кој претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“ е пронајден, жив и здрав, и се наоѓа во населеното место Ниже Поле, изјави Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“. Тошевски потврди дека планинарот најверојатно избрал друга патека на движење низ планината и пристигнал во селото Нижо Поле. -Планинарот беше достапен на телефон …

Continue Reading

(Видео) Ренџерс го доби „Олд Фирм“ дербито, Миовски експресно пожолте

Ренџерс го победија Селтик со 3:1 во денешното дерби на „Олд Фирм“ на „Селтик Парк“. „Полицајците“ ја продлабочија кризата на градскиот ривал и веројатно му го потпишаа отказот на нивниот менаџер Вилфред Нанси. Со победата, Ренџерс се израмнија со второпласираниот Селтик со 38 бода, додека водечките Хартс имаат три бода повеќе и натпревар помалку. Селтик поведе во 19-та минута со …

Continue Reading

Отворена е истрага против сопствениците на барот во Швајцарија

Отворена е кривична истрага против двајцата сопственици на барот што изгоре во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, при што загинаа 40 лица, соопшти денеска полицијата. – Тие се обвинети за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност, соопшти полицијата на кантонот Вале, каде што се наоѓа Кран-Монтана. „Треба да се напомене дека презумпцијата на невиност се …

Continue Reading

Пукале со пиштоли од колона автомобили на свадба

Двајца мажи од село Лажани, општина Долнени, се приведени поради пукање со огнено оружје во колона возила за семејна веселба. Инцидентот се случил на 2 јануари околу 9:30 часот, кога полицајци од Полициското одделение Ропотово ги запреле М.С. (36) и С.Б. (29), кои возеле „фиат хрома“ со прилепски регистарски ознаки и „мерцедес“ со германски ознаки. Од возилата, според полицијата, биле …

Continue Reading

Сити и Арсенал му „фриле око“ на Родриго

Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго, не е задоволен од својот статус во тимот, долго се шпекулира дека би можел да замине од Мадрид, а каталонскиот весник „Спорт“, тврди дека до крајот на преодниот рок тој би можел да гзамине од „Сантојаго Бернабеу“. Според овој извор, доколку Бразилецот го напушти Мадрид, најреални следни дестинации се Арсенал и Манчестер Сити. Родриго и …

Continue Reading