„Не се сигурен сојузник“: Белгискиот премиер го критикуваше односот на САД кон Европа
Белгискиот премиер Барт де Вевер изрази сомнежи за улогата на Соединетите Американски Држави како сојузник на Европа, наведувајќи дека на нивниот сојуз повеќе не може безусловно да се смета. Тој, исто така, остро се осврна на изјавите на Трамп за Гренланд и Русија, пишува „Гардијан“. „Европа се наоѓа на раскрсница и мора да одлучи каква ќе биде нејзината политика. Досега …
Continue Reading
Зеленски останува во Украина, нема да патува во Давос
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека нема да патува на Светскиот економски форум во Давос, одлучувајќи да остане во земјата поради најновиот руски ноќен напад кој ја влоши енергетската криза. „Без сомнение, во овој случај ја бирам Украина, а не економскиот форум“, изјави Зеленски. Тој додаде дека би размислил за присуство само ако постои реална можност да се донесат одлуки …
Continue Reading
„Би-би-си“: Европскиот парламент ќе го суспендира процесот за одобрување на трговскиот договор со САД
Европскиот парламент треба да го суспендира процесот на одобрување на трговскиот договор меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави, кој беше договорен во јули, дознава „Би-Би-Си“ од извори блиски до Комисијата за меѓународна трговија на Европскиот парламент. Одлуката за суспензија, според истите извори, треба официјално да биде објавена утре попладне во Стразбур. Како што пишува „Би-Би-Си“, станува збор за договорот …
Continue Reading
Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри, најавува УХМР
Облачно време со повремени локални врнежи од снег се очекува утре низ целата земја. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде што висината на снежната покривка на планините и на некои повисоки места ќе може да се зголеми и до 25 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу -8 и -2 …
Continue Reading
По страшниот судир на возови во Шпанија, 6-годишно девојче е единственото преживеано од семејството
Во тешката железничка несреќа што се случи на југот на Шпанија загинаа 41 лице, а шестгодишно девојче е единствениот преживеан член од своето семејство, излегувајќи од остатоците на возот речиси без повреди. Меѓу загинатите се нејзините родители, братот и братучедот, јави Асошиејтед прес. Според весникот „Ла Вангардија“, девојчето по несреќата било пронајдено босо на шините од припадник на Цивилната гарда, …
Continue Reading
Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа – 350.000 евра скриени во ѕидот: детали за падот на судијата
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53) од Апелациониот суд Скопје, осомничен за „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“. Пријавата е доставена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), соопшти МВР. Според истрагата, …
Continue Reading
Данската премиерка: Нема да го продадеме Гренланд и покрај заканите од САД
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, изјави дека Копенхаген нема да се откаже од Гренланд поради американските закани за царини кои имаат за цел да ја принудат продажбата на островот. Коментирајќи ја можноста ЕУ да воведе реципрочни мерки против САД, Фредериксен рече дека трговската војна меѓу сојузниците е „многу лоша идеја“, објави „Ројтерс“. Иако се надеваше дека мерки како што е …
Continue Reading
ВЛЕН: Ѓоко Ристов заедно со судијата Енвер Беџети го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков
Веста дека кај судијата Ѓоко Ристов се најдени 350 илјади евра пари осомничени за корупција не е само индивидуален скандал. Оваа вест уништува дури и последната доверба што граѓаните ја имаа во правосудниот систем, изјави портпаролот на ВЛЕН, Дритон Сулејмани. „ВЛЕН е убеден дека ова не е изолиран случај, туку врв на ледениот брег на еден скапан систем, кој со …
Continue Reading
ТИТАН Усје: Работиме согласно законот, неоснованите обвинувања се тенденциозни и не придонесуваат кон изнаоѓање на одржливи решенија
ТИТАН Усје е одговорна компанија која, во сите сегменти од своето работење, работи согласно домашната регулатива. Kомпанијата ги применува најдобрите достапни практики во производството и применува технологија идентична со најдобрите компании од цементната индустрија во Европската Унија, велат од компанијата. „Како конструктивен дел на заедницата, ТИТАН Усје целосно ја разбира загриженоста за квалитетот на воздухот во Скопје, но смета дека …
Continue Reading