(Видео) Тотенхем конечно славеше во Премиер лигата
Фудбалерите на Тотенхем, во седмоот коло, ја забележаа првата победа во Премиер лигата. Спарс го победија Ковентри во последниот натпревар од колото, дома во Лондон со 3:1. Екипата на Де Зерби стигна до триумфот по прекрасните голови на Медисон и Мармушс, како и на Дејвис во судиското надополнување на времето. Медисон покажа каков шут има во 14-та минута, сепак, по …
Continue Reading
Вучиќ очекува победа со повеќе од 400.000 гласови разлика на изборите во Србија
Доскорешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, кој е носител на листата на владејачката Српска напредна странка (СНС), изјави дека на претстојните избори очекува убедлива победа над главниот противник, Студентската листа, со разлика од повеќе од 400.000 гласови. Доколку СНС победи на изборите, Вучиќ би станал премиер и би го продолжил своето речиси 14-годишно владеење. Негов најсериозен противник на изборите е …
Continue Reading
Полициски час во Париз и други француски градови, министерот призна: Изгубивме контрола
Француските власти вечерва делумно ги забранија протестите во Париз и воведоа полициски час во повеќе градови по неколкудневните насилни немири, грабежи и судири со полицијата низ земјата. Во одредени делови на француската престолнина јавните собири се забранети од 20 часот, додека ноќниот полициски час започнува во 23 часот. Премиерот Себастијан Лекорни побара од локалните власти да воведат полициски час во …
Continue Reading
(Видео) Се ожени Маршал од „Како ја запознав мајка ви“
Американскиот актер Џејсон Сигел, најпознат по улогата на Маршал Ериксен во популарната серија „Како ја запознав мајка ви“, се ожени со својата долгогодишна партнерка Кајла Радомски, пишува магазинот „Пипл“ (People). Свадбата се одржала минатата сабота во ботаничката градина на библиотеката „Хантингтон“ во Пасадена, Калифорнија. Радомски на Инстаграм споделила фотографии и впечатоци од венчавката, пишувајќи дека денот бил „вистински сон“. Нејзиниот …
Continue Reading
Банката по грешка му исплатила над 120.000 евра, ги вратил и добил гумени бонбони како награда
Дваесет и петгодишен студент од Грузија, кој студира во австрискиот град Салцбург, доживеал необична ситуација откако банка по грешка му исплатила повеќе од 120.000 евра. Студентот го вратил вишокот пари, но наместо парична награда, од банката добил пакетче гумени бонбони. Студентот всушност сакал да подигне 12.900 евра, кои претходно ги позајмил од пријател за да докаже дека има доволно средства …
Continue Reading
„Розов октомври“ во Карпош: Едукација за важноста на раното откривање на ракот на дојката
Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје. На почетокот на настанот, присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ја истакна важноста на здравствената едукација и превенцијата, нагласувајќи дека Општината и во иднина …
Continue Reading
Воведен полициски час во делови од Париз по насилните протести
Француските власти воведоа полициски час за сите граѓани во одредени делови на Париз, на Плоштадот на Републиката и на улиците околу квартот Лез Ал, во првиот париски арондисман, кој ќе биде во сила од вечерва до шест часот наутро, јавува телевизијата БФМ. Мерката не се однесува само на малолетниците, туку на сите граѓани, а е воведена по немирите што избувнаа …
Continue Reading
(Видео) Трамп се обиде да ја бакне Меланија, снимката предизвика реакции на интернет
Снимка од американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија од настан во Белата куќа стана вирална на социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни коментари и потсмевања за нивниот меѓусебен однос. На снимката се гледа како Трамп, додека седи покрај сопругата, ѝ подава рака, а откако таа му ја пружа својата, кратко ја потчукнува. Внимание привлече и моментот кога претседателот се обидува …
Continue Reading
Четири хороскопски знаци ќе имаат можност за голем напредок во кариерата
За четири хороскопски знаци втората половина на октомври, според астролошките толкувања, носи повеќе оптимизам, самодоверба и можности за напредок во кариерата. Поволната положба на Сонцето и Јупитер, која ја одбележа средината на октомври, во астрологијата се поврзува со нови можности, похрабри одлуки и позитивни промени. Според астролошките предвидувања овој период би можел да биде особено поволен за Лавовите, Вагите, Стрелците …
Continue Reading