Демант од Братислава: Фицо ја негира приказната за „опасниот“ Трамп

Словачкиот премиер Роберт Фицо решително ги негираше наводите на пробриселскиот весник „Политико“ дека наводно изразил загриженост за менталната состојба на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесуваат медиумите во регионот. Фицо реагираше на својот Фејсбук профил, истакнувајќи дека тврдењата на овој медиум се неточни и злонамерни. „Морам решително да ги отфрлам лагите на „Политико“ за тоа како ја оценив мојата средба со …

Continue Reading

Објавена книгата „Струмички шерифи“, комедија на струмички дијалект од Ацо Ѓоргиев

„Македоника литера“ неодамна објави драмски текст од струмичкиот автор Ацо Ѓоргиев со наслов „Струмички шерифи“, комедија на струмички дијалект. Дејството во овој драмски текст е сместено во осумдесеттите години на минатиот век во Струмица. Ѓоргиев на сатиричен, хумористичен, ироничен, провокативен, а во исто време и со груба подбивност, презрив и дрзок однос кон моралните и општествените состојби, отсликува една социјална, …

Continue Reading

Мигранти од Грузија пронајдени кај Струга

Двајца мигранти од Грузија се пронајдени кај Струга. Според информациите на МВР,  ноќеска во 00:20 часот, на регионалниот пат Радожда-Струга, лишени од слобода се Ј.К.(42) и П.Т.(41), двајцата од Република Грузија. Од преземените мерки, констатирано е дека тие, оствариле илегален влез и незаконски престој на македонска територија, по што се задржани во полициска станица за натамошна постапка.

Continue Reading

Сали-Ортиз: разговарано за европската политика, економијата, образованието и културата

Првиот заменик-председател и министер за европски прашања на Северна Македонија, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз. За време на средбата се дискутираа блиските билатерални односи меѓу Северна Македонија и Шпанија, како и можностите за проширување на соработката во различни области, вклучувајќи ја европската политика, економијата, образованието и културата. Посебен фокус беше ставен на …

Continue Reading

По ревизорскиот извештај, Обвинителството отвори предмет за Општина Охрид

Јавното обвинителство отвори предмет по извештајот на Државниот завод за ревизија за Општина Охрид, во кој утврди дека се граделе хотели и куќи без дозволи, дека општината нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, а утврди и неправилности и во финансиското работење на општината. „Државниот завод за ревизија на 19.12.2025 година го достави ревизорскиот извештај за Општина Охрид до …

Continue Reading

Калас: Европа повеќе не е во центарот на вниманието на Вашингтон, но нашата сила е во единството

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека Европа повеќе не е „центар на вниманието“ на Вашингтон и дека промената е „структурна, а не привремена“. Зборувајќи на годишната конференција на Европската агенција за одбрана, Калас додаде дека иако ЕУ продолжува да се стреми кон силни трансатлантски врски и САД ќе останат нејзин сојузник, Европа …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Имам информација дека следи ново задолжување од 300 милиони евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на одговор на новинарско прашање информираше дека следува ново задолжување од 300 милиони евра, a државата е соочена со голема криза. „Следи ново задолжување од триста милиони евра, ќе слушнете наскоро. Мора да се пополнат нови дупки во буџетот. Сум за принципиелна поддршка на барањата на било која група на граѓани во државава, на луѓето …

Continue Reading

Левица: Премиерот со џемпери од по 2.000 евра барањата за минимална плата ги прогласи за „политичка агенда“

Левица го осуди настапот на премиерот Мицкоски, со кој легитимните синдикални барања за зголемување на минималната плата ги оцени како „политичка агенда“, како врв на цинизам и класна ароганција. „Кога носител на највисоката извршна функција, човек кој јавно и бесрамно демонстрира луксуз, држи лекции за нереалноста на барањата за повисоки примања на работниците, тоа е отворена демонстрација на класна ароганција …

Continue Reading

(Видео) 30-дневен притвор за скопјанец: во неговото возило пронајдени пет килограми марихуана

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, вчера до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 36-годишниот Н.А. од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл. 215 став 1 од КЗ. На 26.01.2026 на булевар „Илинден“ во Скопје, при извршен преглед на патничко …

Continue Reading