Уапсен кумановец, возел со 2.09 промили алкохол во крвта, возилото му е одземено

Денеска (03.02.2026) во 17:30 часот на автопат Куманово-ГП Табановце полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.Ѓ (35) Куманово. Имено, при контрола полициските службеници сопреле моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека …

Continue Reading

Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата

Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата. Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за …

Continue Reading

Јапонија извади ретки метали од длабочина од 6.000 метри во Тихиот Океан

Седимент што содржи ретки метали е извлечен од длабочина од 6.000 метри за време на јапонска тест мисија, објави владата. Со овој потфат, Јапонија се стреми да ја намали својата зависност од Кина за снабдување со овие вредни минерали. Јапонија тврди дека ова е прв успешен обид за вадење ретки метали од морското дно на таква длабочина во светот, пишува …

Continue Reading

Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски

Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски. „Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам.  Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и …

Continue Reading

Американците соборија ирански дрон кој се движел кон нивниот носач, тензиите растат

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека борбен авион на американската морнарица соборил ирански дрон кој се приближувал кон носачот на авиони USS Abraham Lincoln во Арапското Море. CENTCOM изјави дека дронот „агресивно се приближувал“ кон носачот на авиони, со „нејасна намера“ и дека „продолжил да лета кон него и покрај мерките за деескалација преземени од американските сили кои дејствуваат …

Continue Reading

Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот …

Continue Reading

Снегот го парализираше најголемиот аеродром во Германија, летовите откажани

Аеродромот во Франкфурт привремено ги суспендираше летовите повеќе од еден час денес по обилните врнежи од снег. Операциите беа прекинати околу 15 часот по локално време, а во тој период немаше полетувања или слетувања поради насобран снег на пистите, објави операторот на аеродромот Фрапорт АГ. Според податоците на Фрапорт, најмалку 67 од вкупно 922 закажани летови за тој ден беа …

Continue Reading

Костовски и Бајовски со ново, заедничко, ветување: Канализација ќе добијат сите улици во Бел Камен и Кучевишка  Бара кои досега беа изоставени

Градоначалниците на Бутел и на Чучер-Сандево, Дарко Костовски и Зоран Бајовски со заеднички проект ќе го решаваат проблемот со канализација во Кучевишка Бара и Бел Камен. Населбите се една до друга, но припаѓаат на две различни општини и со децении градоначалниците ветуваат дека ќе им изградат фекална канализација, но досега ниту еден не го реализираше ветувањето. Во работнта група се …

Continue Reading

Шефот на НАТО презентира три нивоа на гаранции за Украина

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, верува дека фундаменталната цел на безбедносните гаранции, кои би стапиле на сила по прекинот на огнот, е значително да ја зголемат цената што Русија би ја платила за секој иден напад врз Украина. Руте го изјави ова на прес-конференција во Киев, пренесува Украинска правда. Руте не сакаше детално да ги коментира написите на „Фајненшл …

Continue Reading