Иранскиот министер: Преговорите во Оман со САД беа многу добар почеток
Во главниот град на Оман, Маскат, заврши нов круг преговори меѓу Иран и САД, при што, според иранската државна агенција ИРНА, двете страни покажале подготвеност за продолжување на дијалогот. Агенцијата „Тасним“ објави дека е договорено разговорите да продолжат, но не е наведено кога би се случило тоа. Преговорите се одвивале со посредство на оманскиот министер за надворешни работи, Саид Бадр …
Continue Reading
Работна средба со претставници на Фудбалскиот клуб Тиверија
Во кабинетот на градоначалникот Петар Јанков се одржа работна средба со претставници на Фудбалскиот клуб Тиверија, на која беа презентирани нивните планови и активности за претстојниот период. На средбата се разговараше за одржувањето и можностите за подобрување на условите за тренинг на фудбалските терени со вештачка трева, како и за унапредување на вкупните услови за работа и развој на клубот. …
Continue Reading
ЗНАМ до СДСМ: Димитриевски нема „златни визи“, не е вмешан во скандали и не оди на журки во Дубаи
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија обвини дека СДСМ со нападите врз Максим Димитриевски и партијата се обидува да ја дефокусира јавноста од сопствената политичка и економска катастрофа. Во соопштението, ЗНАМ ги нарекува обвинувањата на СДСМ „политичка манипулација и замајување“, оценувајќи ги како „неосновани, тенденциозни и без докази“. Од партијата велат дека Димитриевски има лична и професионална кариера надвор од …
Continue Reading
Хоџа: И во 2026 обезбедивме средства за Националните паркови кои се клучен столб во заштитата на природното наследство
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за нивниот развој, заштита на прирдоните вредности и одржливо управување. „Со особено задоволство можам да истакнам дека и во 2026 година, Министерството во својот Буџет обезбеди наменски средства за …
Continue Reading
Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји
Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете земји, притоа акцент се стави за можноста за воспоставување на нови авиолинии и подобро поврзување на врските меѓу двете земји. Вицепремиерот го запозна амбасадорот Миљаниќ со инфраструктурните проекти …
Continue Reading
„Шумите не се само наши“: Се отвори уметничка изложба посветена на балканскиот рис
Во пријатна атмосфера синоќа во КСП Центар – Јадро беше отворена изложбата „ЗОРА – Нејзината заборавена шума“ на визуелната уметница Драгослава Ѓуриќ, инспирирана од континуираната работа на Македонското еколошко друштво (МЕД) за зачувување на балканскиот рис. Токму затоа, лицето на изложбата е младата балканска рисица Зора, како дел од кревката популација што сè уште преживува во балканските шуми. „Отсекогаш сум …
Continue Reading
За возачките дозволи, државата мора да создаде услови што нема да ги оштетат ранливите заедници, порачува Мрежата за заштита од дискриминација
Мрежата за заштита од дискриминација реагира на јавниот дискурс поврзан со прашањето за управување со моторни возила и неговата трансформација во, како што наведуваат, сензационализирана дебата проследена со говор на омраза и стигматизација. Од Мрежата посочуваат дека почитувањето на законите е обврска на секој граѓанин, но истовремено обврска на државата е да обезбеди услови во кои тие законски критериуми ќе …
Continue Reading
„Не мора да се уништи зеленилото за БРТ“ – Зелен хуман град со порака до властите
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ реагира на изјавата на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, во која тој посочил дека проектот за воведување на брз автобуски превоз (БРТ), финансиран со кредит од 70 милиони евра од ЕБОР, мора да се продолжи како решение. Од иницијативата нагласуваат дека не е точно оти проектот мора да се изведе по постојниот план кој предвидува уништување …
Continue Reading
Прилепскиот дувачки оркестар повторно активен по 10 години
По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина Прилеп, во согласност со можностите и програмските активности на новооформениот состав. Првиот јавен настап на возобновениот Прилепски дувачки оркестар ќе биде во рамки на карневалот „Прочка 2026“, додека …
Continue Reading