Стармер загуби уште еден советник поради аферата со Епстин: шефот за комуникации поднесе оставка

Шефот за комуникации на премиерот Кир Стармер, Тим Алан, денес поднесе оставка, велејќи дека тоа го отвора патот за нов тим кој ќе го поддржи британскиот лидер, кој е критикуван поради неговата одлука да го назначи Питер Манделсон за амбасадор во Соединетите Американски Држави. Заминувањето на Алан доаѓа само еден ден откако најблискиот помошник на Стармер, Морган МекСвини, поднесе оставка …

Continue Reading

Работниците немаат за леб а владата мисли да купува авион за Мицкоски, велат од СДСМ

Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата мисли на купување авион за Мицкоски. За туристички патувања, како она во Давос велат од СДСМ. „Очигледно затоа одбива да им ги покачи платите на работниците. Одбива да се откаже од лукзуот и вели нема пари за минимална плата од 600 …

Continue Reading

Герасимовски: Финасиска поддршка за спортски проекти во Центар, заедно градиме здрави навики

Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите заинтересирани да аплицираат за поддршка на спортските активности и афирмација на младите спортисти. „Спортот е основа за здрав живот на сите генерации, но најмногу за правилен развој на нашата младина. Фокусот го ставаме токму на тоа, на …

Continue Reading

Мајчинството не смее да биде причина за отказ, власта да го поддржи предлог-законот, велат од Левицата

На утрешната собраниска седница, на дневен ред е предлог-законот на Левица, преку кој се воведува заштита од отказ на бремените работнички, што во минатото претставуваше најбрутален удар врз идните мајки, информираат од оваа партија. „Во Македонија, и покрај тоа што формално постои забрана за отказ поради бременост, реалноста покажува дека бремените жени – особено оние вработени на определено време – …

Continue Reading

Сали-Кавахара: Јапонската поддршка клучна за реформите и развојот на Северна Македонија

Министерот за европски прашања и прв заменик претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со амбасадорката на Јапонија, Сецуко Кавахара. На средбата беше ставен акцент на тековната развојна соработка меѓу Северна Македонија и Јапонија, како и на континуираната поддршка на Јапонија за реформските приоритети и социо-економскиот развој на државата. Сали ја истакна посветеноста на Владата на испорака на конкретни резултати …

Continue Reading

Калас: Кремљ не ги сфаќа сериозно мировните преговори, ќе бидат принудени да направат вистински отстапки

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, изјави дека Кремљ не ги сфаќа сериозно преговорите за Украина и дека Брисел размислува за назначување специјален претставник кој би ги претставувал 27-те членки на Унијата на преговарачката маса. Во интервју за порталот „Јуроњуз“ Калас предупреди дека мировните напори околу Украина ризикуваат зајакнување на руската агресија доколку Москва не биде принудена да направи …

Continue Reading

(Видео) Филмски напад во Италија: разбојници дигнаа во воздух возила за транспорт на пари

Драматичен вооружен напад врз возило за транспорт на готовина се случи утрово на автопатот во Италија, кој ги поврзува Лече и Бриндизи. Инцидентот се случил во близина на градот Тутурано, а според првичните информации, имало и пукање, објавува „Раи њуз“. Во брза операција на полицијата во Лече се уапсени две лица осомничени дека се членови на банда. Тие беа лоцирани …

Continue Reading

Принцот од Брунеј и убавицата со хрватски корени го добија првото дете

Принцот Абдул Матин од Брунеј и неговата сопруга принцезата Аниша, која има хрватски корени, го добија своето прво дете. Вчера им се роди девојче, а веста ја објави на Инстаграм националната телевизија RTB. RTB ја објави веста на својот официјален профил на Инстаграм, заедно со соопштение од кабинетот на султанот. Во соопштението се наведува дека принцезата Аниша Росна бинти Адам, …

Continue Reading

Решение за свикување на седмата седница на Советот на општина Струмица

   Совет на општина Струмица     Бр.08 – 1123/1     09.02.2026 год.     С т р у м и ц а   Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на …

Continue Reading