Утре променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд

Времето утре, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, претежно …

Continue Reading

Јавна расправа во Министерството за транспорт: се разгледуваат измени во Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со стручната јавност да се продискутираат предложените измени и дополнувања, велат од министерството. Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел да го поттикнат развојот на туризмот, …

Continue Reading

Италија: Покренати се три истраги за неуспешна трансплантација на срце на двегодишно дете

Во Италија се покренати три истраги за да се разјасни зошто срцето донирано на двегодишно момче во болницата „Моналди“ во Неапол не можело да се трансплантира, објавува локалниот портал „НаполиТудеј“. Според информациите од обвинителството во Неапол, органот е доставен во оштетена состојба, а момчето во моментов е поврзано на машина за одржување во живот, чекајќи нов соодветен донатор. Адвокатот на …

Continue Reading

Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени 40 тони запленета марихуана и најавија детална истрага за случајот. „Денес, заедно со претседателот на владата, со директорот на Бирото за јавна безбедност и остатокот од тимот од МВР, имаме прилика да ги видиме овие 40 тони марихуана запленети во …

Continue Reading

Захарова: Атентатот врз рускиот генерал е обид за спречување на преговорите за Украина

Атентатот врз генералот Алексеев е дел од хибридна војна финансирана од Западот. Една од целите на овој терористички напад беше да се спречат преговорите, изјави претставничката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, во интервју за Спутник. „Ова е дел од хибридната војна финансирана од Западот, а спроведена од режимот во Киев. Хибридната војна предвидува такво повеќевекторско влијание …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за патарините да не глуми социјалдемократ од Тему

Филипче за патарините да не глуми социјалдемократ од Тему, за истите цени кога беа СДС на власт им викаа на граѓаните дека беа ниски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Филипче од опозиција глуми социјалдемократ, а на власт се богати од тендери и не му текнува на народот. Замислете Филипче дури сега дознал дека во …

Continue Reading

(Видео) Филипче: СДСМ ќе побара намалување на цените на патарините

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, најави дека СДСМ во наредниот период ќе предложи повеќе законски решенија за помош на граѓаните, меѓу кои ќе има и законско решение за намалување на цените на патарините, како дел од поширок пакет мерки за олеснување на трошоците на граѓаните. „Во следните недели ќе излеземе со предлог …

Continue Reading

Европскиот парламент усвои построги и побрзи правила за азил

Денес, Европскиот парламент усвои измени на регулативите на ЕУ за постапката за азил со цел да се овозможи побрза обработка на барањата за азил. Амандманите, кои ја вклучуваат изменетата листа на безбедни земји од ЕУ, беа усвоени со 408 гласови „за“, 184 „против“ и 60 „воздржани“, а на истата седница европратениците одобрија и договор за регулативата за спроведување на концептот …

Continue Reading

Божиновска – Колумбија: Продлабочување на соработката за зелена транзиција и јакнење на жените и младите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со Рита Колумбија, постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија. На средбата беше разговарано за унапредување на соработката во рамки на Рамката за соработка меѓу Северна Македонија и Обединетите нации за одржлив развој 2026–2030, со посебен фокус на приоритетите поврзани со енергетската транзиција, климатската акција, заштитата на …

Continue Reading