Олимпискиот шампион во скијачки скокови има фобија од височина
Германскиот ски-скокач Филип Рајмунд, кој јавно призна дека се плаши од височина, во понеделникот, освои олимписко злато, на малата скокалница, на Зимските олимписки игри Милано и Кортина. Минатата година, токму поради неговиот страв од висина, тој беше принуден да се повлече од еден натпревар, за што отворено пишуваше на социјалните мрежи во тоа време. „Многумина од вас веќе ме прашаа …
Continue Reading
Британка застрелана во Тексас: Пред трагедијата се скарала со татко ѝ околу Трамп
Британката Луси Харисон (23) од Ворингтон била застрелана во градите на 10 јануари минатата година во домот на својот татко во Проспер, Тексас, објави Би-Би-Си. На истражното рочиште во Велика Британија било речено дека претходно истиот ден таа се скарала со него околу Доналд Трамп и неговите ставови за оружје. Нејзиниот партнер Сем Литлер сведочел дека расправијата била „жестока“ и …
Continue Reading
Македонското небо се врзува со Сингапур: потпишан стратешки меморандум
Во рамките на престижниот глобален авијациски самит „Changi Aviation Summit 2026“, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски и генералниот директор на Управата за цивилно воздухопловство на Сингапур, Хан Кок Јуан, официјализираа нов, сеопфатен Меморандум за разбирање. Овој чин, реализиран за време на посетата на Стојаноски како висок делегат на специјална покана од сингапурските власти, означува суштинско унапредување на …
Continue Reading
Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис
Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели и во рок од 45 дена да достават извештај. Како што појаснуваат, контролите се со цел да се спречи индустриско нелегално производство и пласман на домашниот и меѓународниот пазар. Воедно, ќе бидат …
Continue Reading
Владина делегација на средби во УНЕСКО: Потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион
Владина делегација во состав Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт и врски, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам; Муамет Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање; како и градоначалниците на Општина Охрид и Општина Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќира, вчера и денес престојуваа во работна …
Continue Reading
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Continue Reading
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Утре променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд
Времето утре, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, претежно …
Continue Reading
Јавна расправа во Министерството за транспорт: се разгледуваат измени во Правилникот за урбанистичко планирање
Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со стручната јавност да се продискутираат предложените измени и дополнувања, велат од министерството. Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел да го поттикнат развојот на туризмот, …
Continue Reading