(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк
Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Уривањето на дискотеките и расчистувањето на просторот веќе е започнато, а нема најава кога ќе почне изградбата на новиот Луна Парк. Ѓорѓиевски објави видео на кое, како што вели, се отстрануваат старите бесправно изградени дискотеки, …
Continue Reading
Концерт на Рита Ора во Охрид
Светската музичка сензација Рита Ора, на 1 август ќе одржи голем концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Со низа интернационални хитови што го обиколија светот, милијарди стримови, престижни признанија и соработки со најголемите имиња од глобалната музичка сцена, Рита Ора се етаблираше како глобален бренд и еден од најпрепознатливите симболи на современиот поп звук, модна икона и артистка со …
Continue Reading
АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата. Постапувањето по иницијативите кои се …
Continue Reading
Украинците уништуваат руски дронови за неколку секунди со ласери
Украинските инженери развија и успешно тестираа нов ласерски систем за воздушна одбрана познат како Sunray, кој може ефикасно да уништи руски беспилотни летала и чини значително помалку од споредливите западни системи, објавува The Atlantic. Според новинарот Сајмон Шустер, кој присуствуваше на тестот, системот Sunray наликува на аматерски телескоп опремен со камери и може да се монтира на покривот на обичен …
Continue Reading
Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување
Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад секоја одлука која ја донел. Ваквата реакција доаѓа по изјавите на негова поранешна колешка. Бубевски вели дека побарал извинување од неа, а ако не го направи тоа ќе поднесе тужба за клевета. „Најостро ги демантирам клеветите и измислените наводи изнесени …
Continue Reading
Двократен светски шампион загина во страшна несреќа
Трагична вест од Франција го потресе светото на екстремните спортови. Пјер Волник (37), еден од најдобрите „wingsuit“ спортисти на денешницата, почина за време на скок од Мон Блан, највисокиот врв на Алпите. Според достапните информации, падобранот на Волник не се отворил за време на летот, поради што тој удрил на земјата со голема брзина во областа Бозон. Итните служби брзо …
Continue Reading
ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата
Демократска Обнова на Македонија (ДОМ) со загриженост ги следи податоците објавени од страна на „Транспаренси Интернешанл“ за перцепцијата на корупцијата во 2025 година, според кои Македонија е рангирана на 84-то место од 180 земји. Со скоро идентични поени како и минатата година овој извештај покажува дека нема суштински напредок во справувањето со овој децениски проблем во нашата земја, велат од …
Continue Reading
„Заев и Спасовски преку Катица Јанева ја управувале работата во СЈО“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СЈО работело под директна насока на …
Continue Reading
Супербоул 2026 е втор најгледан ТВ пренос во историјата на САД
Овогодишниот Супербоул стана втор најгледан ТВ пренос во историјата на САД, со просек од 124,9 милиони гледачи кои го гледаа натпреварот меѓу Сиетл Сихокс и Њу Ингланд Патриотс кој заврши со резултат 29:13. Врвот на гледаноста беше забележан во втората четвртина, кога дури 137,8 милиони луѓе го гледаа натпреварот, што претставува најголема публика во историјата на американската телевизија во една …
Continue Reading