Мелони воведува построги правила за мигрантите: „Ако сакате да живеете тука, мора да ги почитувате италијанските закони“
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека нејзината влада ќе ги искористи сите средства што ѝ се на располагање за да „ја гарантира безбедноста на нашите граници“ откако одобри закон со кој се дозволуваат поморски блокади за да се спречат бродовите со мигранти да стигнат до Италија за време на период на „исклучителен притисок“. Овој потег е најновиот во низата мерки …
Continue Reading
Чеферин прогласи победа над Суперлигата
Во Брисел, пред ждрепката за Лигата на нации, овој четврток се одржа Конгресот на УЕФА, каде што претседателот Александар Чеферин ја одржа својата презентација. Најважната порака што ја испрати од говорницата е дека Суперлигата на Европа е официјално поразена. Во среда, УЕФА постигна договор со Реал Мадрид, а претходно и Барселона се повлече од проектот, ставајќи крај на обидот за …
Continue Reading
Руте: НАТО ја поддржува Украина, инвестирањето во одбраната е од суштинско значење за нашата безбедност
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека НАТО е обединет во поддршката на Украина и ќе продолжи да инвестира во одбраната и воената индустрија, што, како што рече, е клучно за безбедноста на тој воен сојуз. Тој го изјави ова на прес-конференцијата по состанокот на министрите за одбрана на земјите од Алијансата, што се одржа денес во седиштето …
Continue Reading
Меркел негира дека би можела да биде претседател на Германија
Поранешната долгогодишна германска канцеларка, Ангела Меркел (71), денес ги негираше медиумските извештаи дека би можела да биде кандидат за функцијата претседател. Од кабинетот на Меркел изјавија за весникот „Тагешпигел“ дека тврдењата на весникот „Билд“ дека поранешната канцеларка (2005-2021) би можела да се врати во политиката и да ја разгледа можноста да биде кандидат за претседател на Германија се „апсурдни“. „Билд“ …
Continue Reading
Сали-Варнс: нагласена посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс. На средбата беше истакната важноста на стратешкото партнерство меѓу земјата и Соединетите Американски Држави, како и континуираната американска поддршка за демократските и развојните процеси. Соговорниците разговараа за клучната улога на регионалната стабилност како предуслов за мир …
Continue Reading
Карлсон ја прегази конкуренцијата на 10 километри, Цветановска заврши на 105-то место
Неверојатната Швеѓанка, Фрида Карлсон ја прегази конкуренцијата во трката на 10 километри, на Зимските олимписки игри во Милано и Коритна. На оваа трка настапи и македонската репрезентативка, Ана Цветановска. Карлсон го освои вториот златен медла на овои Зимски олимписки игри, со најбрзата трка во историјата на светските првенства и олимписките игри. Карлсон во целта забележа време 22.49.2. foto/ EPA/HANNIBAL HANSCHKE …
Continue Reading
Нова градска плажа, се реконструираат спортските терени, кејот на Вардар добива нов лик, најави Ѓорѓиевски
Кејот на Вардар добива нов лик и нова градска плажа, отворена за сите генерации, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека со засилено темпо течат работните активности за уредување на кејот на реката Вардар, простор каде секојдневно се рекреираат илјадници граѓани и кој претставува едно од најважните урбани јадра на Скопје. „Кејот е меѓу моите клучни …
Continue Reading
Расмусен: НАТО не значи ништо без Америка
Поранешниот генерален секретар на НАТО и поранешен премиер на Данска, Андерс Фог Расмусен, оцени дека Северноатлантската алијанса без учеството на САД „не значи ништо“, посочувајќи дека европските земји сè уште во голема мера зависат од Вашингтон кога станува збор за безбедноста. Во интервју за „Политико“, Расмусен рече дека евентуалното дистанцирање на САД од Алијансата ќе ја стави Европа пред сериозен …
Continue Reading
Утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините снег, од следната недела заладување
Времето утре, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од …
Continue Reading