„Ќе биде долг ден“: Војници патролираат низ Париз пред новите протести

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нунез ја повика полицијата да реагира „исклучително брзо“ на секој обид за предизвикување инциденти за време на денешните протести. Во меѓувреме, војници им се приклучија на полициските патроли низ француската престолнина. Властите преземаат засилени безбедносни мерки во обид да спречат повторување на насилството, грабежите и немирите од минатата сабота, кога дел од инцидентите ги …

Continue Reading

(Фото+видео) Нови руски напади низ Украина: загинаа четири лица, 78 се повредени

Најмалку четири лица загинаа, а 78 се повредени во руските напади врз повеќе делови на Украина во изминатите 24 часа, според податоците на локалните власти. Утрово беше нападнат и Киев, каде што руски дрон погоди станбена зграда во населбата Оболон, објави „Киев индепендент“. Во нападот врз станбената зграда биле повредени две лица, а избувнал и пожар, соопшти Киевската градска воена …

Continue Reading

(Видео) Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Стефан Кирков од Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Општина Центар да ги разјасни условите под кои се гради објект во скопската населба Буњаковец, посочувајќи на проблеми со паркирањето, зеленилото и движењето на пешаците. Кирков, кој се обрати од улицата „Костурски херои“, поранешна „29 Ноември“, изјави дека, според информациите со кои располага, за објектот не е предвиден соодветен паркинг-простор, …

Continue Reading

Уапсен 32-годишен маж во Србија, пронајдени импровизирани експлозивни направи и десетици заштитни елеци

По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, во координирана акција со Основното јавно обвинителство во Нови Сад и припадници на Безбедносно-информативната агенција (БИА), полицијата уапсила 32-годишен маж со иницијали Д.А., осомничен за недозволено производство, поседување и трговија со оружје и експлозивни материи, како и за дела поврзани со подготовка на активности против уставниот поредок и повикување на насилна промена …

Continue Reading

Пензионер заборавил ранец со 100.000 евра во воз во Виена, парите му се вратени

Германски пензионер заборавил ранец со неверојатни 100.000 евра во воз на Главната железничка станица во Виена, но благодарение на банкарските документи што ги имало во него, службите успеале да го пронајдат сопственикот и да му ги вратат парите. Пензионерот, кој бил во транзит низ австриската престолнина, планирал да ги искористи парите како учество за купување недвижен имот. Ранецот бил пронајден …

Continue Reading

Германија разгледува 12-часовен работен ден и преполовување на квотата за работници од Западен Балкан

Германија разгледува промени на пазарот на трудот што би можеле да влијаат и врз работниците од Западен Балкан. Меѓу предложените мерки се воведување можност за 12-часовен работен ден во одредени случаи, намалување на годишната квота за работници од регионот и построги правила за полагање испити по германски јазик. За можните промени за „Н1“ говорел новинарот на „Дојче веле“, Мехмед Смајиќ, …

Continue Reading

Албански државјанин приведен во прилепско, затекнат како пали сува трева

Албански државјанин на возраст од 38 години е лишен од слобода откако бил затекнат како предизвикува пожар на отворено во прилепско. Според информациите од полицијата, случајот се случил на 23 октомври, околу 14:20 часот, на местото викано „Коливади“, во атарот на селото Житоше. Полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го затекнале М.Џ. како пали сува трева на отворен простор. Пожарот …

Continue Reading

Чешката влада ги турка измените за финансирање на јавните медиуми, новинарите најавија штрајк

Чешката владејачка коалиција во раните утрински часови, во 4:36 часот, го изгласа во прво парламентарно читање предлогот за промена на финансирањето на јавните медиуми, и покрај предупредувањата дека новиот модел може да ја загрози нивната независност. Предлогот на популистичката влада на милијардерот и премиер Андреј Бабиш, која ја поддржува крајнодесничарската партија СПД, предвидува укинување на задолжителната месечна претплата за домаќинствата, …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да ги објави анкетите што, според партијата, ги најавил пред две недели, но досега не ги презентирал. „Пред дебаклот во Брвеница на предвремените локални избори, Венко изјави дека ќе обзнани анкети во кои СДС имал голем рејтинг и граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Две недели по таа изјава на Филипче, ниту трага …

Continue Reading