Српските патници кои беа евакуирани од Дубаи: „Ни рекоа за 15 минути да се спакуваме“

Авион на „Флај Дубаи“ од Обединетите Арапски Емирати со 200 државјани на Србија слета утрово во Белград. Тоа е првиот лет кон Србија по прекинот на летовите поради тензиите на Блискиот Исток. Како што пренесе РТС, една патничка која утрово слетала во Белград патувала од Кенија преку Дубаи. Таа изјавила дека околу три часа ги „држеле горе на небото“, по …

Continue Reading

Бизнис лидери, менаџери, богати личности плаќаат и до 300.000 евра за евакуација од Блискиот Исток

Супербогатите елитни поединци и високи раководители на глобални компании плаќаат до 290.000 евра за приватни летови и теренски услуги за бегство од Блискиот Исток, поради ескалацијата на конфликтот со Иран. Приватните безбедносни компании сега резервираат флоти од теренски возила за транспорт на евакуираните од Дубаи до Ријад, а потоа ги пренесуваат со приватни авиони, објави „Дејли Меил“. Цената на приватен …

Continue Reading

Кипар итно ги предупреди граѓаните: „Подгответе храна, вода, лекови“

Кипарските власти издадоа предупредување за вонредни ситуации до своите граѓани и препорака секој да спакува „ранец за итни случаи“. „Како превентивна мерка, направете си сопствен ранец за итни случаи со основни производи, кои лесно можете да ги транспортирате до засолништето, во случај надлежните органи да дадат соодветни упатства“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Кипар. 🎒 …

Continue Reading

Цените на гасот во Европа скокнаа по ескалацијата на Блискиот Исток

Цените на природниот гас во Европа нагло пораснаа по ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, што предизвика страв од нарушување на снабдувањето. Терминските договори за гас скокнаа за дури 36 проценти, на речиси 58 евра за мегават-час, достигнувајќи највисоко ниво од јануари 2023 година, по што се стабилизираа на околу 54 евра. Овој раст уследи откако цените и претходниот ден …

Continue Reading

Погоден нуклеарeн објект во Иран, ИАЕА потврди оштетувања на влезните згради

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) потврди дека во неодамнешните напади се оштетени влезните згради на постројката за збогатување гориво Натанц во Иран. ИАЕА наведува дека на самото нуклеарно постројување не е забележано дополнително влијание и дека не се очекуваат радиолошки последици. Проценката е донесена врз основа на најновите достапни сателитски снимки. Според претходна проценка на ИАЕА, подземниот дел од …

Continue Reading

Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа

„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти …

Continue Reading

Израел испрати дополнителни сили во јужен Либан, Шошани тврди: „Ова не е копнена офанзива“

Израел испрати дополнителни сили во јужен Либан, соопшти израелската војска. Портпаролот на војската, Надав Шошани, изјави дека ова не е маневар, копнена офанзива ниту нешто слично, туку тактичка мерка за спречување напади на Хезболах. Тој додаде дека постои реална можност движењето да ги ескалира операциите против Израел. Не е соопштено колку војници се распоредени. Израелските сили, кои досега биле стационирани …

Continue Reading

„Сила“ – концерт на Македонска филхармонија по повод Денот на жената

Во четврток, со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе одржи концерт по Повод денот на жената, насловен „Сила“ кој ќе го води диригентката Ребека Тонг од Индонезија, а како солист ќе настапи пијанистот Ендру фон Ојен од Франција. На програмата се „Павана“, оп. 50 од Габриел Форе, Концертот за пијано и оркестар бр.2 во ге-мол од Камиј Сен-Санс и …

Continue Reading

Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ

Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ. „Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа. Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе …

Continue Reading