Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко

На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност. Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот …

Continue Reading

Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“

Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско. Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, …

Continue Reading

Зајкова: Уште колку жени ќе убие молкот?

„Росица, Кате, Марија. Жени кои претходно барале помош. Жени чии пријави останале без соодветна реакција. Жени кои денес ги нема. Прашањето е едноставно и болно: Колку жени уби молкот?“, прашува претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова. Ова не се изолирани случаи, вели Зајкова и дополнува дека ова е образец на институционално непостапување и систем …

Continue Reading

Националната мрежа против насилство врз жените: Црвено знаме за целиот систем, целосна истрага, итна одговорност и санкции за институционалното непостапување

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара, како што нагласуваат, итна, темелна и независна истрага за трагедијата што се случи на 2 март во скопската населба Тафталиџе, каде животот го загубија триесет и едногодишна мајка и нејзината шестгодишна ќерка. „Според сведоштвата на најблиското семејство, мајката подолг период била жртва на семејно насилство кое било пријавувано во надлежните …

Continue Reading

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го загубија животот во трагичниот настан. Од Министерството информираат дека, согласно законските надлежности и принципот на должно внимание, веднаш бил извршен вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи – Скопје, со цел целосно и непристрасно утврдување на фактичката состојба и …

Continue Reading

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст на нафтените пазари и потенцијалните геополитички ризици, истакнуваат од оваа институција. Министерството информира дека Агенцијата за задолжителни нафтени резерви постојано ги следи и одржува државните резерви на нафта и нафтени деривати, обезбедувајќи сигурност на снабдувањето, стабилност на пазарот и подготвеност …

Continue Reading

СДСМ за трагедијата во Карпош: Законот обврзува итна реакција на полицијата по пријава, без да чека одобрение од институциите

СДСМ изразува длабока тага и сочувство за трагичниот настан во Скопје, во кој животот го загубија мајка и ќерка, опишувајќи го како уште една болна последица на семејно и родово базирано насилство што ја потресе целата јавност. „Овој трагичен случај повторно ја отвора суштинската дилема: дали институциите реагираат навреме, координирано и соодветно кога постои очигледна опасност по животот и безбедноста …

Continue Reading

(Видео) Иран со дрон погоди пристаниште во Оман

Во Оман, во ирански напад со дрон е погоден резервоар за гориво во пристаништето Дукам, објави државната новинска агенција на таа земја. „Штетата е ставена под контрола и нема човечки жртви“, се наведува, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор. Истото пристаниште било цел на напад и за време на викендот, кога според извештаите бил повреден еден работник. Објавена е и …

Continue Reading

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати владиниот авион. Од Израел ќе бидат пренесени на локација до која е безбедно да стигнат по копнен пат од каде што ќе ги преземе владиниот авион. „За Македонците кои се во Израел веќе договараме евакуација. Се разгледуваат алтернативни патни правци …

Continue Reading