Удрил во кучиња скитници, па во браниците на патот Охрид-Кичево, по што возилото се запалило: во автомобилот пронајдено телото на починатиот возач
Вчера во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки удрило во кучиња скитници, по што и во метални браници на патот и се запалило. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, пожарот е изгаснат, а во возилото е пронајдено телото на починатиот возач. По наредба на јавен …
Continue Reading
УНИЦЕФ: 11.727 деца во Македонија биле изложени на сексуална експлоатација со помош на технологија
Околу 11.727 деца на возраст од 12 до 17 години кои користат интернет во Македонија, односно 9,4 отсто, доживеале барем една форма на сексуална експлоатација и злоупотреба со помош на технологија во годината пред истражувањето, покажува новиот извештај на УНИЦЕФ „Низ детските очи: Како дигиталните технологии овозможуваат сексуална злоупотреба на деца“. Иако стапката во Северна Македонија е пониска од просечната …
Continue Reading
Обамејанг: Ме понижија и ми го уништија угледот
Пјер-Емерик Обамејанг одлучи дефинитивно да ја заврши својата репрезентативна кариера и повеќе нема да го носи дресот на Габон. Искусниот напаѓач, роден во Лавал, Франција, помина низ јуниорските селекции на Франција и Шпанија, но во 2009 година одлучи да го претставува Габон во сениорскиот фудбал. Во текот на претходните години, неговиот однос со репрезентацијата, за која одигра 84 натпревари и …
Continue Reading
„Задолжување како никогаш досега – Мицкоски ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг“, велат од СДСМ
„Се потврди сè што СДСМ предупредуваше во изминатите месеци – пари во буџетот нема, касата е празна, а Владата повторно посегнува по нови долгови. Владата на Мицкоски усвои ново задолжување од 1,3 милијарди евра. Задолжување како никогаш досега. Со ова, за само две години, власта ја задолжува државата со околу 4 милијарди евра нов долг“, велат од СДСМ. „Тоа е …
Continue Reading
(Фото) Подмладуваат без многу труд: 5 фризури за кои нема да зажалите
Инспирацијата за актуелните трендови вклучува модерни, слоевити боб фризури и ласкави брановидни фризури со средна должина во опуштен, плажен стил, но има уште неколку фризури што вреди да се земат предвид. Иако е ретко да се каже дека една фризура или техника на шишање е вистинска за секого, придобивките од слоевитото шишање се многубројни и разновидни. Иако слоевитото шишање може …
Continue Reading
Левица: Успесите на Митески – училиштата во Аеродром должат 39 милиони денари
„За нешто повеќе од две години под раководство на градоначалникот Дејан Митески долговите на училиштата во Општина Аеродром рипнаа од околу 3 милиони денари на 39 милиони денари. За споредба, во Општина Чаир која важи за една од најлошо водените општини, сите училишта должат 22 милиони денари“, велат од Левица Аеродром. „Најпоразително е што училиштата не трошат пари за апсолутно …
Continue Reading
Општина Карпош: Подобрување на условите во предучилишните установи
Претставници на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од Општина Карпош, присуствуваа на средба посветена на актуелниот Јавен повик до македонските општини и општините во градот Скопје, за добивање грант за проширување на капацитетите на установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. На работниот состанок присуствуваше министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, претставници …
Continue Reading
Маѓар: Унгарија не поддржува забрзан прием во ЕУ за ниту една земја кандидат
Унгарија не поддржува забрзана постапка за пристапување во Европската Унија (ЕУ) за ниту една земја кандидат, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Маѓар во објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ наведе дека за време на средбата со Кошта разговарал за проширувањето на ЕУ и дека го повторил ставот на Унгарија оти не поддржува …
Continue Reading
Ди Лоренцо го продолжи договорот
Фудбалерот на Наполи, Џовани ди Лоренцо, го продолжи договорот со италијанскиот клуб до 2030 година. „Честитки до капитенот“, се вели во соопштението на Наполи. Ди Лоренцо (33) дојде во Наполи од Емполи во 2019 година, а оттогаш одигра вкупно 307 натпревари, постигна 20 гола и забележа 42 асистенции за клубот од Неапол. Со Наполи освои две титули во Серија А, …
Continue Reading