Утре облачно време, со локален дожд и грмежи
Времето утре ќе биде претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје, облачно …
Continue Reading
One Macedonia и Ericsson потпишаа договор за развој на најсовремена 5G мрежа
One Macedonia Telecommunications ДООЕЛ, членка на 4iG Групацијата, на Светскиот мобилен конгрес во Барселона (Mobile World Congress 2026) потпиша договор за испорака и услуги со Ericsson за развој на најнапредната гринфилд 5G самостојна (SA) мобилна мрежа во Северна Македонија. Договорот ја опфаќа испораката на опрема за Радио-пристапна мрежа (RAN) и за Основната мрежа (Core), вклучувајќи го и целиот релевантен софтвер, …
Continue Reading
Министерството за здравство воведува дигитализација и електронски систем за пријавување заразни болести
Министерството за здравство информира дека на електронскиот национален регистар на прописи ЕНЕР се објавени најновите измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести. Меѓу позначајните новини кои се опфатени со овие законски измени е дополнувањето на листата на заразни болести кои подлежат на задолжително пријавување, како и унифицирање на начинот на функционирање на АЛЕРТ 2.0 – …
Continue Reading
Во Македонија 31,2% од децата имаат зголемена телесна тежина, потребни се итни системски интервенции
Во Македонија 31,2% од децата имаат зголемена телесна тежина, а 13,7% од нив живеат со дебелина – што е над просекот на Eвропскиот регион, 25% и 11%, соодветно, покажуваат наодите од студијата на Европска иницијатива за следење на дебелината кај децата кои денеска ги објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод светскиот Ден на дебелината. Зголемената телесна тежина и …
Continue Reading
„Состојбата со обезноста во Македонија е алармантна, дебелината е поврзана со најчестите и најсериозни коморбидитети“
По повод 4 март, Светскиот ден на дебелината, научното здружение за обезност, ОБЕМ, го означи почетокот на едукативната кампања „Круг на поддршка – за тежината да стане полесна“. На настанот по тој повод беше забележано дека состојбата со прекумерната тежина и со обезноста во Северна Македонија е алармантна. Државата е во категоријата на земји со високи стапки на предвремена смртност …
Continue Reading
Собранието ги избра Адмир Шабани и Дритон Сулејмани за нови заменици – министри
Собранието, во рамките на 90. седница, денеска, со 71 глас „за“ и 11 „против“, за заменик-министер за одбрана го избра Адмир Шабани, а за заменик министер за образование и наука, Дритон Сулејмани. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, образложувајќи ги предлозите, истакна дека изборот на двајца заменик-министри е решение кое не е само кадровска одлука, туку дел од поширокиот процес на …
Continue Reading
Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец објавувал текстови за ширење омраза кон македонската држава и идентитет
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по поднесена кривична пријава од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Осомничениот, преку посебно креирана страница на социјалната мрежа Фејсбук, споделувал содржини кои предизвикуваат …
Continue Reading
Јаткасти плодови кои помагаат во намалување на крвниот притисок
Јаткастите плодови се одличен извор на протеини, влакна, здрави масти, витамини и минерали, а нивното редовно консумирање може да помогне во одржувањето на крвниот притисок на поздраво ниво. Експертите наведуваат дека одредени видови јаткасти плодови имаат особено корисен ефект врз срцето и циркулацијата. Бадеми Бадемите се богати со влакна и растителни протеини, а содржат и микронутриенти како што се магнезиум …
Continue Reading
Ракета погоди британски брод во Ормутскиот теснец
Товарен брод беше погоден од ракета во Ормутскиот теснец северно од Оман, објави британската агенција UK Maritime Trade Operations (UKMTO), која ја следи безбедноста на комерцијалниот превоз. Според Sky News, станува збор за британски брод. Според нивните информации, ракетата го погодила контејнерскиот брод и предизвикала пожар во машинската просторија. UKMTO соопшти дека екипажот го напуштил бродот, дека сите членови на …
Continue Reading