Пукање во црква во Јордан, најмалку седум загинати и десет повредени
Најмалку седум лица загинаа, а десет се повредени денеска кога вооружени напаѓачи отвориле оган за време на погреб во црква во јорданската провинција Карак, објави државната телевизија „Ал-Мамлака“, пренесува „Ројтерс“. Според информациите, двајца напаѓачи излегле од автомобил и почнале да пукаат кон присутните за време на погребната поворка кај црквата „Хамуд“. Калед Буркан, кој присуствувал на погребот, изјавил дека биле …
Continue Reading
Беким Сали на средба со еврокомесарката Марта Кос: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари билатерална средба со европската комесарка за проширување, Марта Кос, во рамки на работната посета на Брисел. Во фокусот на средбата беа европската перспектива на Северна Македонија, најновите случувања во политиката на проширување на Европската Унија, спроведувањето на Реформската агенда и можностите за забрзана и постепена интеграција во европските …
Continue Reading
Скопјанка измамена за 117.000 денари, маж лажно се претставил како вработен во Катастар
Дваесет и четиригодишна скопјанка пријавила во полиција дека две лица ја измамиле за 117.000 денари, ветувајќи ѝ дека ќе ѝ помогнат на нејзиното семејство да откупи и приватизира земјиште во државна сопственост. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен вчера, 22 октомври, во 14 часот во СВР Скопје. Жената пријавила дека на 21 септември се сретнала со две лица, од …
Continue Reading
Mаж пронајден мртов во својот дом во Ѓорче Петров, на телото имало траги на насилство
Шеесет и двегодишен маж е пронајден починат во својот дом на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров, а на телото биле забележани траги на насилство, информира МВР. Случајот бил пријавен вчера, 22 октомври, во 18:40 часот во СВР Скопје. Починатиот е идентификуван како С.Ј. (62). Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт со траги на насилство. На местото бил извршен …
Continue Reading
Четворица повредени во сообраќајна несреќа во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал
Четири лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 20:45 часот на крстосницата меѓу улиците „Маршал Тито“ и „Ленинова“ во Виница. Според информациите од МВР, во несреќата учествувале два автомобила „ауди“ со винички регистарски ознаки, управувани од Д.П. (42) од Виница и П.П. (24) од селото Лески, кој по судирот го напуштил местото …
Continue Reading
Пукање во близина на Париз, едно лице убиено, најмалку четворица повредени
Едно лице е убиено, а најмалку четири се повредени во пукање од автомобил што се случило денеска во департманот Ивлин, западно од Париз. Осомничениот е уапсен во близина на градот Трап и е приведен, а полицијата соопшти дека мотивот за нападот засега не е познат. За апсењето прва извести телевизијата БФМ. Францускиот премиер Себастијан Лекорни изјави дека „сите расположливи безбедносни …
Continue Reading
Трамп: Имам право повторно да се кандидирам за претседател бидејќи ме измамија
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави смета дека има право повторно да се кандидира за претседател на САД, бидејќи, како што тврди, демократите му ја украле победата на изборите во 2020 година. На предизборен собир одржан вчера во Сиу Сити, во сојузната држава Ајова, Трамп призна дека американскиот Устав му забранува трет претседателски мандат, но повторно тврдеше дека победил на сите …
Continue Reading
Брод погоден од дронови во Црното Море кај Романија, еден загинат и тројца исчезнати
Еден морнар загина, а тројца се водат како исчезнати по напад со беспилотни летала врз трговски брод во Црното Море, на околу 13 наутички милји (24 километри) од романското пристаниште Констанца. Романските власти започнаа спасувачка операција откако бродот „Хорив“, кој пловел под знамето на Коморските Острови, испратил повик за помош. На бродот имало 13 членови на екипажот, од кои десет …
Continue Reading
Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што …
Continue Reading