Поткуп се давал за побрз преглед, болнички кревет и операција без чекање, покажа истражувањето на ЕСЕ
Речиси 84 отсто од здравствените работници сметаат дека корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат, но само 14 проценти од нив признаваат дека биле лично вклучени или сведочеле на коруптивен чин во нивната установа. Здравствените работници се свесни за присуството на корупцијата, но најголем дел од нив ја прифаќаат како нормализирана појава и не пријавуваат, покажа …
Continue Reading
(Видео) Вишинска: СДС во Центар крати пари од проекти, за да враќа долгови на Жерновски
Марина Вишинска, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека не е важно кој од СДС ја води Општина Центар, Општина Центар, како што појасни, крати пари од сите програми кои значат развој, за да се покријат дупките и штетите од неспособноста и расипничкото работење на градоначалниците на СДС во Центар. Според неа, додека центарци очекуваат повеќе …
Continue Reading
Претседателот Гаши на 67. Генерално собрание на ПАБСЕК во Тбилиси
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во Тбилиси, Грузија. На свеченото отворање на Генералното собрание, претседателот Гаши се обрати со говор пред делегациите на земјите членки на ПАБСЕК, изразувајќи го посветувањето на Република Северна Македонија …
Continue Reading
Алиу во посета на реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово: Инвестициите во примарното здравство значат подобри услови за пациентите и за здравствените работници
Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово, го посети реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово во населбата „Тоде Мендов“, каде што е извршена целосна реконструкција на приземјето на објектот со вкупна површина од 250 квадратни метри. Објектот има значајна улога во системот на превентивна здравствена заштита и служи како центар за спроведување на училишна вакцинација за подрачјето на општината. За реализација …
Continue Reading
Премиерата на филмот „Salman“ ја одбележа Филмската вечер во рамките на „Културно лето на Чаир 2026“
Во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“, синоќа на плоштадот „Скендербег“ се одржа премиерата на албанскиот филм „Salman“, која привлече голем број граѓани и љубители на филмската уметност. Филмот, во режија, според сценарио и во продукција на Ментор Нуредини, беше пречекан со голем интерес од публиката. Главните улоги ги толкуваат Ментор Нуредини, Висар Етеми, Блерим Дардишта, Бејтула Керими …
Continue Reading
ЕДС ја продолжува промотивната кампања: 2 години фиксна цена на струја и подарок Hisense клима уред или Segway електричен тротинет
Поради исклучително големиот интерес од страна на компаниите, ЕДС ја продолжува и во текот на летниот период својата промотивна понуда за снабдување со електрична енергија со гарантирана фиксна цена во период од 2 години, надополнета со избор на вреден подарок – Hisense инвертер клима уред или Segway електричен тротинет. Понудата, која е единствена од ваков вид на домашниот пазар, им …
Continue Reading
Уапсена професорка на универзитетот во Штип: побарала 300 евра од студент за да положи испит
Вчера во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит кој дополнително ќе го …
Continue Reading
Светска здравствена организација: Топлотниот бран во Европа е генерална проба
Низ Европа, луѓето се мачат да заспијат, собите за итни случаи се полнат, а службите за итни случаи рушат рекорди додека топлотниот бран го зафаќа континентот, предупреди европската канцеларија на Светската здравствена организација. Во Франција, бројот на повици до службите за итна медицинска помош се зголеми за до 50 проценти во некои градови. Минатата недела, Лондон го регистрираше својот најголем …
Continue Reading
Водечкиот модел во SUV гамата на Chery, TIGGO 9 PRO PHEV, официјално пристигна и на македонскиот пазар
Станува збор за најголемиот и најмоќниот модел на брендот досега, кој комбинира високи перформанси, напредна plug-in хибридна технологија и простор создаден за целото семејство. Со импресивни 428 коњски сили и 580 Nm вртежен момент, Tiggo 9 Pro PHEV обезбедува динамично возење и сигурни перформанси во различни услови. Забрзувањето од 0 до 100 km/h за само 5,4 секунди дополнително го издвојува …
Continue Reading