Приведени 18 возачи за безобѕирно возење, 11 биле без возачка дозвола
Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода вкупно 18 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од приведените, 11 лица управувале возило без возачка дозвола, од кои пет во Скопје, три во Гостивар и по едно во Тетово, Кичево и Прилеп. Покрај тоа, шестмина возачи биле затекнати како управуваат возило под дејство …
Continue Reading
Пак тепани жени, мајки, снаи, браќа и партнерки
Во текот на изминатото деноноќие Министерството за внатрешни работи евидентирало девет случаи на семејно насилство на повеќе локации низ државата. Во пет случаи сторителите биле лишени од слобода, додека со три лица бил извршен службен разговор. Во Куманово бил приведен 32-годишен маж, осомничен дека физички ја нападнал својата мајка во семејниот дом. Во Тетово, полицијата лишила од слобода 62-годишен маж, …
Continue Reading
Граната од Втората светска војна пронајдена при ископ на објект
Граната од Втората светска војна била пронајдена вчера при ископ на земја за изградба на објект на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје. Министертството за внатрешни работи соопшти дека за гранатата вчера во 12 часот во полиција пријавил Н.И., по што бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје и било констатирано дека се работи за граната која потекнувала …
Continue Reading
Мицкоски: Очекувам зголемување на цената на горивата, ама пак сме држава со најниски цени
Очекувам да имаме зголемување од околу 2 до 2,5 денари за литар за дизел горивото и околу денар за бензините. Но, да почекаме утре Регулаторната комисија да ги каже последните бројки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што рече, има зголемување на цената на нафтата од околу 5-6 проценти на светските берзи во текот на минатата седмица и благо зголемување …
Continue Reading
Орбан: Владата на партијата Тиса ја води земјата кон диктатура
Лидерот на унгарската опозициска партија Фидес и поранешен премиер на земјата, Виктор Орбан, денеска ја обвини владата на партијата Тиса дека ја води земјата кон диктатура, по контроверзноста предизвикана од изјавите на поранешниот претседател Јанош Адер за планираната замена на државните функционери. Орбан на Фејсбук изјави дека Адер се залага за владеење на правото и оцени дека реакциите што следеа …
Continue Reading
Украина нападна трафостаници во Крим
Украина во текот на ноќта нападна неколку трафостаници во Крим, како резултат на што полуостровот што се наоѓа под руска окупација остана без електрична енергија, објавија каналите на социјалните мрежи. Цели на украинскиот ноќен напад беа трафостаниците Бахчисарај и Жимино, објавено е на каналот на Телеграм Ексиленова Плус. Проукраинскиот канал Кримски ветер претходно извести за прекини во снабдувањето со електрична …
Continue Reading
Пронајдени 116 грама хашиш при претрес во гостиварско
Полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акција во гостиварското село Здуње, при што беа пронајдени околу 116 грама хашиш, а едно лице е лишено од слобода. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 4 јули, врз основа на претходно обезбедени оперативни сознанија и судска наредба од Основниот суд во Гостивар, бил извршен претрес во објект што го користел С.Б. …
Continue Reading
Хорор во Скопје: Обљубил малолетничка и го снимал сексуалниот чин
Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне го лишиле од слобода 21-годишниот С.Б. од Скопје, кој е осомничен за обљуба врз малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, истиот ден во 13:20 часот, жена од Скопје пријавила дека на 3 јули на подрачјето на Шуто Оризари, осомничениот се обидел да изврши обљуба врз нејзината 16-годишна ќерка. Во …
Continue Reading
Голем пожарот во близина на Солун
Вкупно 160 пожарникари, поддржани од 52 противпожарни возила, пет копнени екипи, два авиона и два хеликоптери, остануваат на местото на настанот во Ореокастро, предградие на градот. Пожарот што уништи два индустриски погони и предизвика евакуација на три села и еден дом за нега во близина на Солун преку ноќ е во голема мера локализиран и повеќе нема активен фронт, пренесува …
Continue Reading