Партизација на МРТВ преку партиски директор ќе биде нов удар врз демократијата, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, предупреди дека новиот оглас за избор на директор на Македонската радио телевизија отвора сериозен ризик од партизација на јавниот сервис, доколку на функцијата биде избрано лице без соодветни професионални квалификации, но близок до власта. Филипче посочи дека тоа би претставувало нов удар врз демократијата и независното информирање. „Во тек е …

Continue Reading

(Фото) Во вентилацијата на автобус на „Дурмо Турс“ од Гостивар скриени куршуми, уапсени две лица

Царинската управа откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо Турс“ од Гостивар, која беше спроведена на влез во државата на граничен премин Табановце. Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата. Досега против двајца осомничени кои беа уапсени, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово, а истрагата е проширена и …

Continue Reading

Филипче: Мицкоски и Максим Димитриевски имаат исти карактеристики

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека Христијан Мицкоски и Максим Димитриевски имаат исти карактеристики и дека граѓаните веќе јасно ги препознаваат. „Ние тоа го најавивме одамна, има повеќе од една година кога укажувавме како ќе се движи оваа држава. Сега ја води една целосно недемократска власт, коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, чиишто лидери имаат …

Continue Reading

Мисајловски: Како членка на НАТО заедно со нашите 31 сојузник седиме на масата каде се носат одлуки за безбедноста на Алијансата

Припадниците на Генералштабот, денеска, го одбележаа Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството на нашата држава во НАТО. На одбележувањето, покрај министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, присуствуваа заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, поранешни началници на Генералштабот, активни и пензионирани генерали, претставници од Министерството за одбрана, како и команданти на првопотчинетите команди и единици …

Continue Reading

Ѓорѓиевски на средба со проектантите на БРТ системот: Се воведува брз, модерен и целосно еколошки автобуски превоз

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со проектантите на БРТ (Bus Rapid Transit) системот, на која детално беа презентирани решенијата, намената и техничките аспекти на проектот. На средбата се разговараше за трасите, начинот на функционирање, како и за придобивките што овој систем ќе ги донесе за градот и граѓаните. По средбата, градоначалникот најави воведување на брз, модерен …

Continue Reading

Сали го посети Албанскиот театар по повод Меѓународниот ден на театарот

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, го посети Албанскиот театар по повод Меѓународниот ден на театарот, во рамки на активностите организирани за „Денови на отворен театар“. Заедно со директорот на Албанскиот театар, Исмет Рамадани, ги посетија внатрешните простории на институцијата, каде одблизу се запознаа со условите во кои се одвива уметничката работа, како и со …

Continue Reading

Божиновска-Ју: Модернизацијата во енергетиката и зелената транзиција клучни за енергетска одржливост

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска имаше работна средба со висока делегација на Светска банка, предводена од Xiaoqing Yu, директорка на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија. Оваа средба е продолжение на досегашната соработка и координација за имплементацијата на клучните проекти во државата, меѓу кои посебен акцент е ставен на модернизацијата на системите за централно …

Continue Reading

Мицкоски: Образованието е еден од клучните фактори за развој на државата, инвестираме во него

Образованието е еден од клучните фактори за развој на државата, инвестираме во него, одговори премиерот, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање во однос тоа дека опозицијата и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинија дека не се инвестира во образованието. „Па видете, недалеку од овдека се инвестира, да речеме во еден модерен нов студентски дом. Којшто во времето на претходната Влада, беше …

Continue Reading

Со „тојота“ удрил во метална канделабра на патот Кавадарци-с.Моклиште : возачот тешко повреден а три лица се здобиле со полесни повреди

Во ОВР Кавадарци вчера во 15:35 часот е пријавено дека на регионален пат Кавадарци-с.Моклиште, кавадаречко, патничко возило „тојота“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Б.(19) од Кавадарци, удрило во метална канделабра. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Б., додека со телесни повреди се здобиле неговите сопатници Д.Т.(18), Љ.Г.(19) и М.С.(18), сите од Кавадарци, констатирани во Општа болница …

Continue Reading