Кампаз не се вратил во Колумбија поради смртни закани

Во 114-та минута од натпреварот од осминафиналето помеѓу Швајцарија и Колумбија, Гранит Џака направи грешка и му овозможи голема шанса на Хамингтон Кампаз. За ѓал на Колумбијците, играчот од редот за врска, шутираше над голот. Подоцна Швајцарците славеа на пенали со 4:3 се пласираа во четвртфиналто каде ги чека Аргентина. Популарниот „Ел Бичо“, како што е познат на својот континент, …

Continue Reading

Од сефот во банка и украле пари и часовник: ограбена скопјанка

61-годишна жена пријавила во полиција дека ѝ биле одземени пари и часовник од сеф во банка, кој таа го имала закупено. Според полицијата, вчера во 14:20 часот во СВР Скопје 61-годишната жена пријавила дека од сеф во банка, кој таа го закупила,  биле одземени пари и часовник. МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Continue Reading

21-годишник поттикнал малолетник да ја украде картичката на дедо си па подигале пари од банкомат

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.В. (21) од Пехчево. Тој се сомничи за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Имено пријавениот поттикнал малолетник да одземе банкарска картичка од неговиот дедо и без негова согласност и дозвола од банкомат во седум наврати подигале парични средства, при што на оштетениот му нанеле вкупна …

Continue Reading

Го стартувал тракторот во дворот па бил прегазен: тешко повреден кавадарчанец

Ноќеска во 20:00 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Општата болница Кавадарци за укажување лекарска помош бил донесен Р.М.(75) од Кавадарци, а од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Според пријавеното, во дворот од домот, тој стартувал трактор додека стоел до него, по што тракторот се придвижил и го прегазил. Известен бил јавен обвинител, а …

Continue Reading

Почина 14-годишно девојче од Кавадарци: паднало од лулашка во парк

Четиринаесетгодишно девојче од Кавадарци, кое престојувало во Гостивар, починало откако паднало од лулашка во парк во градот. Имено според пилицијата, синоќа во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, …

Continue Reading

Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари средба со Султан Раев генерален секретар на Меѓународната организација за турска култура ТУРКСОЈ (TURKSOY) На средбата, министерот Љутков упати благодарност за укажаното гостопримство за време на неговата посета на Анкара пред неколку месеци и изрази задоволство што генералниот секретар Раев, сега има можност да ја посети нашата земја, да се запознае …

Continue Reading

Маж од Дебарско ги нападнал поранешната сопруга и нејзината мајка

Во ОВР Дебар утрово 00:30 часот, од слобода бил лишен О.Б.(33) од село во дебарско. Полицијата постапила по претходна пријава дека тој физички ја нападнал неговата поранешна сопруга и нејзината мајка. Според МВР, по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Тројца повредени во сообраќајка во Охридско: едниот од возачите бил пијан

Вчера во 19:15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на охридското село Рача, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ј.(48) од Охрид и патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Г.П.(59) од Охрид. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Љ.Ј., констатирани …

Continue Reading

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта: остана без возило

Синоќа во 18:39 часот, на магистралниот пат Охрид-Подмољје, лишен од слобода е С.С.(47) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „фиат“ со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал и притоа кај него констатирале 2,41 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава …

Continue Reading