Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, во официјална посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, вторник, ќе го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Црногорскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација. Во рамки на …

Continue Reading

Комичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини во Опера и балет

На 3 април, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – едно од најпознатите и најомилените дела од оперскиот репертоар, кое со својата духовитост, динамика и препознатливи музички моменти со децении ја воодушевува публиката. Изведбата е под диригентската палка на Бисера Чадловска, режијата е на Урсула …

Continue Reading

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува рамка за дигитално поврзување и унапредување на електронската комуникација помеѓу институциите преку софтверската платформа. Меморандумот има за цел да обезбеди побрзо, побезбедно и поефикасно водење на управните спорови, …

Continue Reading

Иран: Американските предлози за завршување на војната се нереални, нелогични и прекумерни

Министерството за надворешни работи на Иран изјави дека американските предлози за завршување на конфликтот се „нереални, нелогични и прекумерни“. Портпаролот на министерството, Есмаил Багаеи, на утринската прес-конференција изјави дека ова се однесува на планот од 15 точки што САД го испратија до Иран претходно, преку посредник. Тој додаде дека сè уште „нема директни преговори“ со САД, но разговорите се водат …

Continue Reading

Шпанија го затвора воздушниот простор за американски авиони вклучени во војната со Иран

Шпанија го затвори својот воздушен простор за американски авиони вклучени во нападите врз Иран, чекор понатаму од претходната забрана за користење на воени бази што тие заеднички ги управуваат, изјави министерката за одбрана, Маргарита Роблес. „Не дозволуваме користење на воени бази или користење на воздушниот простор за дејствија поврзани со војната во Иран“, изјави Роблес за новинарите во Мадрид. Затворањето …

Continue Reading

Потпишан колективен договор во Државниот архив: платите растат за 7 oтсто

Директорот на Државниот архив, Димитар Богески, и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално потпишаа поединечен колективен договор кој обезбедува зголемување на платите за 7 отсто, почнувајќи од месец март, со постепена реализација во наредните три години. Овој договор претставува значаен чекор кон подобрување на статусот и условите за работа на архивистите и административниот …

Continue Reading

Продолжува да важи бесплатното паркирање за жителите на Општина Аеродром, се воведува и нова зона во Ново Лисиче

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека, по дадена насока до директорот на ЈП „Градски паркинг“, во Реонскиот центар на општина Аеродром каде се воведува зоната Д12, продолжува да важи постојното правило според кое сите резиденти, физички и правни лица ќе можат да паркираат на сите зони на територијата на општината без надоместок. Од Град Скопје информираат дека одлуката …

Continue Reading

Незадоволниот Палмер би можел да го напушти Челзи

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер, е незадоволен во клубот и би можел да го напушти „Стемфорд Бриџ“ на лето, објавија британските медиуми. Палмер има тешка сезона во Челзи, се бори со формата и повредите, но и со промената на тактиката. Се верува дека тие промени го ограничија неговото влијание на теренот, што придонесе за неговото незадоволство во последните месеци. Многу …

Continue Reading

Украина нападна фабрика за дронови во Русија

Украински дронови нападнаа цели во јужниот руски град Таганрог, важен центар за руските воздухопловни сили, при што загина едно лице, а осум се ранети, изјави градоначалничката Светлана Камбулова за ТАСС. Таа рече дека биле погодени бројни згради и бизниси. Градот на источниот брег на Азовското Море е дом на фабрика за авиони и две фабрики што произведуваат дронови и делови …

Continue Reading