Владата на Србија од утре ја намалува акцизата за горивата за 10 отсто
Владата на Србија донесе одлука за дополнително намалување на акцизата за нафтените деривати за пет отсто, со што вкупното намалување ќе изнесува 10 отсто. Мерката ќе стапи во сила од утре и ќе важи до 19 јули, а е донесена поради зголемувањето на производствените цени на нафтените деривати, предизвикано од растот на цената на суровата нафта на светскиот пазар. Со …
Continue Reading
Димитриевски: Македонија треба да биде успешна и самоуверена држава која ги штити своите национални интереси и достоинствено чекори кон Европа
Караванот на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжи во Битола. Во рамки на панел-дискусијата, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека главната обврска на секоја одговорна политика е да создава држава во која граѓаните имаат сигурност, еднакви можности и доверба во институциите. „Европска Македонија не е само политичка цел, туку …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не ја злоупотребува Европската агенда за дневно политички поени, европската иднина се гради со реформи и достоинство а не со национални отстапки
СДС нема кредибилитет да зборува за Европа, по 7 години неисполнети ветувања, национални отстапки и понижувања. СДС зборува за Европа, а го кочи носењето на Изборниот законик, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „СДС е партија која што бланко потпишуваше се што им беше побарано само за да се на власт, СДС ги излажа граѓаните …
Continue Reading
Ибрахимовиќ за голот на Белингам: Нема дебата, голот требаше да биде поништен
Контроверзноста околу израмнувачкиот гол на Џуд Белингам во четвртфиналниот натпревар помеѓу Англија и Норвешка продолжува, а сега се огласи и легендарниот Златан Ибрахимовиќ. По пресвртот, Англија победи со 2:1 и се квалификуваше за полуфиналето на Светското првенство, каде што ќе игра против Аргентина, која ја елиминирана Швајцарија. Сепак, најголемо внимание привлече ситуацијата што му претходеше на израмнувачкиот гол, кога топката …
Continue Reading
Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…
Капитенот на швајцарската фудбалска репрезентација, Гранит Џака, не се мири со елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство, оценувајќи дека исклучувањето на Брил Емболо беше одлучувачкиот момент на дуелот против Аргентина. По продолженијата, Швајцарија беше поразена од актуелниот светски шампион со 3:1, иако до 72-та минута беше рамноправен ривал и беше на дофат од пласман во полуфиналето. „Мислам дека црвениот картон …
Continue Reading
(Видео) Прогласено највисоко ниво на закана во Ормутскиот Теснец
Британскиот Центар за поморски трговски операции (УКМТО) го прогласи нивото на закана во Ормутскиот Теснец за „сериозно“, што претставува највисок степен на опасност за меѓународниот поморски сообраќај. Иако Иран тврди дека теснецот е затворен, британските власти соопштија дека јужниот поморски коридор останува отворен и е проширен за двонасочен сообраќај. JMIC Advisory Note: 014-26 Click here to view the full advisory …
Continue Reading
Тројца скопјани уапсени по кражба во продажен објект во Велес, украдената роба вратена
Тројца жители на Скопје се лишени од слобода по сомнение дека извршиле кражба во продажен објект во Велес, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што соопшти полицијата, на 11 јули во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги привеле С.С. (32), М.Х. (22) и Б.Ј. (19), сите од Скопје. Претходно, 39-годишна велешанка, вработена во објектот, пријавила дека забележала …
Continue Reading
(Видео) Кузеска: Мицкоски призна дека тој и неговата криминална организација ВМРО, не сакаат Македонија да биде членка на Европската Унија
„Христијан Мицкоски вчера потврди дека е подготвен да ја жртвува Македонија, и кажа збогум на Европа и порача дека ќе чека покана“, кажа денеска на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа оцени дека наместо напредок кон Европската Унија, земјата, според неа, ќе остане да чека додека другите држави од регионот продолжуваат напред. Обвини дека причината за таквата политика не …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик
„Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик“, кажа денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Според него, по подолг период постоела реална можност новиот Изборен законик да биде донесен со широк политички консензус. Тој посочи дека со месеци политичките партии учествувале во разговори, усогласувале текстови …
Continue Reading