Грабеж среде бел ден во Центар: На автобуска постојка ѝ одзеле накит на 55-годишна жена

Педесет и петгодишна скопјанка пријавила дека вчера околу 10:30 часот, на автобуска постојка на подрачјето на Центар, при качување во автобус, била нападната од едно лице кое со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Мицкоски: Од денеска зголемување на платите во образованието за нови 7,5%, што е дел од колективниот договор

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос тоа дека се најавени зголемувања на платите во образованието и кога би можело да се очекува тоа, изјави: „Од денеска ќе имаме зголемување на платите во образованието, што е дел од оној колективен договор којшто го имаме за нови 7,5%. Или што би се рекло, ако почнеме од ноември месец …

Continue Reading

Судир во Студеничани: Повредени возачи и две деца, едно со тешки повреди

Вчера во полицијата било пријавено дека во село Студеничани се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „ауди“, управувано од Ќ.А.(42) од селото, и патничко возило „тојота“, управувано од 34-годишната Р.И., исто така од Студеничани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „ауди“ и шестгодишен сопатник од „тојота“. Со телесни повреди се здобиле и друг шестгодишен сопатник од …

Continue Reading

Стармер: Потребна е поблиска соработка со ЕУ поради глобалната нестабилност

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека поради глобалната нестабилност и војната со Иран, Велика Британија треба да ја зајакне соработката со Европската унија, особено во безбедноста и економијата. Тој оцени дека последиците од конфликтот би можеле да се чувствуваат со генерации и да доведат до раст на цените на енергијата, слично на кризата од 1970-тите. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател …

Continue Reading

Матичните лекари ќе можат да пропишуваат никотински фластери и гуми за џвакање за одвикнување од пушење и контрацепција

По повеќе од десет години Министерството за здравство ја ажурираше есенцијалната листа на лекови и во неа првпат стави лекови за одвикнување од пушење и контрацептивни средства. Координаторот на работната група која ја ажурираше  есенцијалната листа на лекови, професорот Зоран Стерјов, кажа дека е зголемен и бројот на антиинфективни лекови и ажурираната листа има значително поголем број лекови. „Во есенцијалната …

Continue Reading

Љутков: Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто ќе прерасне во значаен центар на културните случувања

Денешниов ден има особено значење за жителите на Ченто, како и за многубројните чинители кои работат и живеат за културата. Чувствувам особено задоволство што денес присуствуваме на свеченото отворање на реконструираниот и современо уреден Дом на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто, значаен културен објект во рамките на Општина Гази Баба. Денешниов настан претставува повеќе од отворање на еден објект, …

Continue Reading

Мицкоски: Ги уверувам граѓаните дека во овој момент состојбата е стабилна, струјата нема да поскапи

Јас ги уверувам граѓаните дека во овој момент состојбата е стабилна и не гледам апсолутно никаква причина за страв од немање енергенси, воведување на не знам какви кризни состојби и во делот на пазарот на електрична енергија и во делот на пазарот на нафта и нафтени деривати. Што ќе се случува за месец, два, три, пет, не знаеме, изјави премиерот, …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на Дијанетот, Х. Сафи Арпагуш, реис-ул-улема на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху, амбасадорот на Турција во нашата земја, Фатих Усулој, како и со претставници на исламските верски заедници од Германија, Австрија и Италија. На средбата, претседателот Гаши го поздрави одржувањето на Самитот на верските лидери на Балканот во Скопје, истакнувајќи дека …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски тврди: Давидовиќ – Дака му дал 300.000 евра на Заев за „услуга“, парите завршиле во референдумски инженеринг

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција изнесе обвинувања дека бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака му дал 300.000 евра на Зоран Заев за да добие повратна услуга, при што, според него, средствата биле искористени за „инженеринг на референдумот за името“. Петрушевски изјави дека Давидовиќ, кого го опиша како „проруски бизнис партнер на Заев“, е лице со контроверзно минато и …

Continue Reading