СЗО: Епидемијата на ебола може да биде два до четири пати поголема од официјалните проценки

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека обемот на епидемијата на ебола во Демократска Република Конго може да биде два до четири пати поголем од официјалните проценки, но рече дека е постигнат напредок во откривањето на нови случаи. „Нашите проекции проценуваат дека обемот на епидемијата е најмалку два до четири пати поголем од бројот на пријавени случаи“, изјави Чикве Ихеквеазу, раководител …

Continue Reading

Германија се враќа на 40-часовна работна недела?

Дали Германија треба да се врати на 40-часовна работна недела за да ја зајакне својата економија во криза? Можноста треба внимателно да се разгледа, вели претприемачот Алберт Заутер, чија семејна компанија „Kern & Sohn“, со седиште во Балинген, произведува ваги. Симболично, самиот Заутер сега ги одмерува аргументите за и против подолга работна недела. Неговата компанија, водена од осмата генерација на …

Continue Reading

Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

„Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ! Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат“, напиша Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи. „Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, …

Continue Reading

ВИДЕО: Протоколарна средба меѓу претседателот на Собранието Гаши и британскиот амбасадор Метју Лосон

Денеска во Собранието се одржа протоколарна средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, со британскиот амбасадор Метју Лосон. Беа констатирани одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, кои се одвиваат на редовна основа со развојна динамика. Претседателот Гаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата минатогодишна …

Continue Reading

(Видео) „ДПМНЕ ги одби амандманите на Левица за заштита на жртвите на сексуално и семејно насилство“

На денешната седница за разгледување на амандманите на Предлог-ребалансот на Буџетот, парламентарното мнозинство ги одби двата амандмани на пратеничката група на Левица со кои се бараше обезбедување дополнителни средства за воспоставување кризни центри за жртви на сексуално насилство, како и за изградба на шелтер-центри и советувалишта за жртви на семејно насилство. Образложувајќи го амандманот со кој Левица предложи 30 милиони …

Continue Reading

Хосам Хасан: Грабежот нема да му помогне на Меси да се издигне над поштениот Роналдо

Фудбалерите на Египет беа поразени од Аргентина на 7 јули, во осминафиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, по неверојатен пресврт. Водеа 2:0, до 15 минути пред крајот, но загубија со 2.3. Селектор Хосам Хасан сè уште не може да се помири со елиминацијата, поради спорни ситуации и дискутабилни судиски одлуки, на штета на неговата репрезентација. „Не можам …

Continue Reading

Астон Вила нема намера да се раздели со Емилијано Мартинез

Голманот на Астон Вила и репрезентацијата на Аргентина, Емилијано Мартинез, како што стојат работите ќе остане во Бирмингем. Голем интерес за најдобриот голман во последните две години, според ФИФА, покажа Јувентус. Директорот на Астон Вила, Дамијан Видагани, ги отстрани сите сомнежи за судбината на Емилијано Мартинез (33), искусен аргентински голман: „Еми останува со нас, немаме намера да го продадеме. На …

Continue Reading

Поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, доби условна затворска казна од една година

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, …

Continue Reading

Реал не запира: Ќе ја разоткријат Барселона во најголемиот скандал во шпанскиот фудбал

Случајот „Негреира“, еден од најголемите скандали во историјата на шпанскиот фудбал, е сè уште во фокусот, а Реал Мадрид ја продолжува својата правна битка за да ги расветли сите околности. Според шпанските медиуми, „кралскиот клуб“, побарал од истражниот судија да ја добие од Барселона целосната документација за системот за усогласеност со деловните прописи за периодот од 2010 до 2018 година. …

Continue Reading