Јозиновиќ го распродаде својот 9-ти концерт во Сава Центар, се наоѓа веднаш зад Лепа Брена и Здравко Чолиќ
Музичката еуфорија околу Јаков Јозиновиќ не се намалува, а младиот изведувач продолжува да има импресивни успеси во Белград. За помалку од 20 минути, тој го распродаде својот деветти концерт во Сава Центар, дополнително зацврстувајќи го својот статус како една од најголемите регионални сензации, пишува Индекс.хр. Интересот на публиката повторно беше огромен – околу 9.000 луѓе чекаа во виртуелен ред за …
Continue Reading
Би-Би-Си: Ова е првпат Иран да собори американски борбен авион, и тоа е важно
Американски борбен авион F-15 е соборен над Иран, што е прв познат случај на ирански сили кои собориле американски авион од почетокот на конфликтот. Претходно во војната, кувајтската воздушна одбрана собори три американски авиони F-15E во инцидент со пријателски оган. Инцидентот сериозно ги доведува во прашање неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет, кои …
Continue Reading
Италијанската премиерка во ненадејна посета на регионот на Персискиот Залив
Премиерката на Италија, Џорџија Мелони, денес пристигна во ненадејна посета на регионот на Персискиот Залив за да „ја зајакне националната енергетска безбедност“ во услови на конфликт на Блискиот Исток, изјави владин извор. Мелони ја започна својата ненадејна и ненајавена турнеја низ регионот во саудискиот пристанишен град Џеда. Во текот на два дена, таа ќе се сретне со лидерите на три …
Continue Reading
Поранешен ирански министер: Техеран треба да ја искористи својата супериорност и да склучи мировен договор со САД
Поранешниот ирански министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф верува дека Техеран треба да ја искористи својата моментална супериорност во конфликтот за да склучи сеопфатен мировен договор со САД, со што ќе се стави крај на 47-годишното непријателство. Тој ги изрази своите ставови во авторски напис за списанието „Форин Аферс“. „Техеран треба да ја искористи својата супериорност не за да …
Continue Reading
Расипани сопирачки и претовар: МВР казни фирма и возач на автобус со кој се врши превоз на деца
Мобилната единица на МВР санкционираше правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на деца. Полицијата го запрела автобусот и било утврдено дека има 37 патници односно деца повеќе од дозволеното, а на технички преглед биле утврдени неисправни сопирачки. „Денеска (03.04.2026 година) во 07:45 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје од страна на …
Continue Reading
Утре променливо облачно време со сончеви периоди, од недела сончево и топло
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи, информира УХМР. Ќе дува умерен до засилен, повремено и силен ветер од северен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 18 …
Continue Reading
Иранците го исмеваат Трамп: „Додека ние градевме цивилизација, вие бевте во пештери“
Голем број ирански дипломати денеска му се потсмеваа на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата закана да го бомбардира Иран и да го врати „во камено доба“. Поранешниот ирански министер за надворешни работи, Џавад Зариф, остро ги критикуваше „арогантните, незнаечки потомци“ на античките Европејци, очигледно алудирајќи на Трамп. „Иран стоеше во срцето на лулката на цивилизацијата додека вашите предци во …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новата амбасадорка на Перу
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу со седиште во Букурешт, Глорија дел Кармен Оливарес. Сиљановска-Давкова истакна дека двете држави веќе 20 години градат пријателски односи, засновани на меѓусебно разбирање и заемна почит. „Време е за збогатување на соработката со нови форми и содржини. Во ера на глобализација, вештачка интелигенција и дигитализација, географската …
Continue Reading
Нетанјаху: Режимот на Иран е послаб од кога било, а Израел е посилен од кога било
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, вети дека ќе продолжи со нападите врз Иран додека војната се приближува кон шестата недела. Зборувајќи за време на состанокот во израелскиот воен штаб во Тел Авив, Нетанјаху рече дека Израел, заедно со САД, ќе продолжи да го уништува иранскиот режим. „Заедно со нашите американски пријатели, продолжуваме да го уништуваме терористичкиот режим во Иран. Ги елиминираме …
Continue Reading