ВМРО-ДПМНЕ го обвини коалицискиот партнер ВРЕДИ дека бил „тројански коњ“ за ДУИ во Брвеница, ВРЕДИ, пак, вели: Никој не е сопственик на гласовите

ВМРО-ДПМНЕ го впери прстот кон својот коалиционен партнер ВРЕДИ по изборниот пораз во Брвеница, обвинувајќи го дека дејствувал во корист на ДУИ. Од ВРЕДИ, пак, децидни се дека ниту една политичка партија не може да ги контролира гласовите на граѓаните и дека нивната волја мора да се почитува. Во соопштението по вториот круг од предвремените локални избори, ВМРО-ДПМНЕ го обвини …

Continue Reading

Националниот џез оркестар со настапи во Чешка и на отворањето на 30. Jazz Fest Sarajevo

Националниот џез оркестар продолжува со своите меѓународни активности, со два значајни настапи во Чешка и Босна и Херцеговина, претставувајќи ја македонската џез-сцена пред европската публика. КОМБО АНСАМБЛОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР СО НАСТАП ВО PETROF GALLERY ВО ХРАДЕЦ КРАЛОВЕ На 2 ноември, комбо ансамблот на Националниот џез оркестар ќе настапи во престижниот концертен простор PETROF Gallery во Храдец Кралове, Чешка. …

Continue Reading

Филипче: Укажувавме за Алта банка – блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието, рече дека СДСМ речиси една година предупредува за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија, банка за која постоеле информации дека е блиска до Вучиќ и дека зад нејзиниот капитал стојат сомнителни пари од криминални и коруптивни зделки, трговија со дрога и пари опљачкани од граѓаните. Филипче нагласи дека …

Continue Reading

Израелската војска се повлекува од Хеброн, околу 3.300 раселени жители можат да се вратат

Израелската војска се повлекува од градот Хеброн на окупираниот Западен Брег, нешто повеќе од една недела по почетокот на воената операција, изјави гувернерот на Хеброн, Халед Дудин. Според него, палестинските безбедносни сили повторно воспоставиле целосна контрола врз подрачјето, а околу 3.300 раселени жители можат да се вратат во своите домови. Сепак, Дудин предупреди дека голем дел од куќите се уништени …

Continue Reading

(Видео) Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните

Денеска сме на Водњанска, во дел од Центар каде сè поочигледно се гледаат последиците од урбанистичката негрижа и неконтролираната градежна експанзија. Водно се претвора во бетонска населба, згради никнуваат една до друга, а зеленилото, просторот за деца и условите за нормален живот стануваат сè помалку достапни, вели Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕ Герасимовски додава таа, треба …

Continue Reading

Општина Кисела Вода со повик до жителите: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година

Во пресрет на креирањето на Буџетот за 2027 година, Општина Кисела Вода организира јавни средби за партиципативно буџетирање со граѓаните. „Овој процес се спроведува во соработка со Finance Think, со цел секој жител директно да се вклучи и да придонесе во одредувањето на приоритетите за следниот општински буџет“. Под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, присутните ќе имаат можност да ги посочат …

Continue Reading

Медиуми: Уапсен сопственикот на „Алта банка“, Давор Мацура

Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“, која беше прогласена за банкротирана, бил приведен синоќа, пренесуваат медиумите во регионот. Потсетуваат дека Народната банка на Србија поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за организиран криминал против правното лице „Алта банка“ а.д. Белград и неколку одговорни лица на таа банка. Обвинителството, според написите, наведува дека кривичната пријава им е доставена по е-пошта, и …

Continue Reading

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на почетната сесија од евалуациската посета на Извршната дирекција на Комитетот за борба против тероризмот при Советот за безбедност на Обединетите нации (CTED), која се одржува во Скопје од 2 до 6 ноември. Делегацијата на Обединетите нации ја предводи заменик директорката на CTED, Кармен Кантор. Целта на посетата е да се …

Continue Reading

22-годишен охриѓанец ја нападнал неговата мајка и други членови на семејството

Вчера во 16:40 часот на улица „Егејска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.Ј.(22) од Охрид. Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата мајка и други членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading