Обвинение за нападот пред бугарската амбасада: во шише купил гориво од бензинска, ги запалил дипломатските возила и побегнал
По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Загрозување лица под меѓународна заштита. На обвинетиот му се става на товар дека на 15 јуни годинава, околу 12:05 часот, пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, со …
Continue Reading
Насилство во семејниот дом во Гостиварско – сопруг истурил врело кафе врз својата сопруга
Семејна расправија во гостиварско село завршила со физички повреди и полициска интервенција, откако 52-годишен маж истурил врело кафе врз својата сопруга. Инцидентот се случил синоќа околу 23:30 часот, во нивниот семеен дом. Според пријавата што 40-годишната жена ја поднела во полиција, по кратка вербална расправија, нејзиниот сопруг Б.К. (52) ја нападнал така што ja истурил врелата течност врз неа, предизвикувајќи …
Continue Reading
Три милиони евра за подобри спортски услови во 30 основни и средни училишта
Основното училиште „Панајот Гиновски“ во општина Бутел е едно од 30 училишта во државава што добиваат квалитетни услови за настава по физичко и здравствено образование и за спортски тренинзи преку проектот за рехабилитација на објекти за физичко образование и набавка на спортска опрема во основните и средните училишта, кофинансиран од Министерството за образование и наука, Инвестициската рамка за Западен Балкан …
Continue Reading
Ристевски: Јаболкопроизводителите сè уште ги чекаат парите, Владата да си ја исполни обврската
Советникот од ОО СДСМ Ресен, Борче Ристевски, денеска истакна дека јаболкопроизводителите во Преспа сè уште чекаат исплата на средства и поддршка од државата и побара од Владата конкретни одговори за нивните барања. „Незадоволството кај јаболкопроизводителите е поголемо од кога било. Нашите луѓе не бараат привилегии. Тие бараат само нешто што им следува, она што им е ветено и што го …
Continue Reading
ДОМ бара одговори од Владата за Националниот дата-центар: Колку енергија и вода ќе троши и како ќе се заштитат податоците?
Владата ја посочи локацијата кај Бунарџик за изградба на Националниот дата-центар со инвестиција од 20 милиони евра, истакнувајќи ја близината до ТИРЗ Скопје 1 и 2, автопатот, оптичката мрежа и можноста за фотоволтаична централа. Но, изборот на локација не е единствениот чекор. Клучното прашање поставено од ДОМ е: дали државата има Национална стратегија што го регулира вкупниот капацитет на дата-центрите? …
Continue Reading
Голема акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“: собрани 3 тона отпад
Во координирана заедничка акција со ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, екипи на Општина Кисела Вода денес спроведоа темелно чистење и уредување на булеварот „Борис Трајковски“. Активноста се реализираше преку Секторот за месна самоуправа при Општина Кисела Вода, при што се расчистуваше потегот од крстосницата со улицата „Народни херои“ сè до влезот во населбата Драчево. За ефикасно и …
Continue Reading
Околу 600 професори од целиот свет во Скопје дискутираат за инженерските предизвици
Престиж е тоа што Македонија е домаќин на еден од најголемиот собир во делот на градежништвото, каде неколку стотини професори од целиот свет диксутираат за инженерски предизвици во градежништвото, истака денеска, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, обраќајќи се на научната конференција “Eurock 2026” – во организација на Друштвото за геотехника на Македонија и Градежниот факултет …
Continue Reading
Божиновска: Австрија има технологии и искуство што ни се потребни, Македонија има инвестициски потенцијал
Гасификација, интерконектори, батериски системи, обновливи извори, енергетска ефикасност и модернизација на мрежата меѓу приоритетите – отворен простор за австриските технологии и инвестиции Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска се обрати на Македонско-австрискиот бизнис-форум за патна и енергетска инфраструктура, што се одржа во Стопанската комора на Северна Македонија, во организација на Стопанската комора и Трговското одделение при …
Continue Reading
(Видео) Илјадници во Приштина незадоволни од пресудата за Тачи, дел од собраните плачеа
Илјадници луѓе собрани во центарот на Приштина со свирежи и извици на незадоволство ја дочекаа осудителната пресуда за поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и тројцата поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово. Додека ја следеа пресудата на голем екран, собраните скандираа „Тачи, Тачи“, а некои заплакаа, јавува „Ројтерс“, пренесе „Индекс“. На улиците можеа да се видат портрети на поранешните водачи …
Continue Reading