Маѓар: Правата на Унгарците во Украина се услов за преговори со ЕУ
Секоја земја, вклучително и Украина, има право и обврска да го брани својот територијален интегритет и независност, но Унгарија очекува унгарското малцинство во Украина да добие основни права пред да отвори нова фаза во односите меѓу двете земји, изјави денес унгарскиот премиер Петер Маѓар, наведувајќи дека ова е клучниот услов на Будимпешта за почеток на преговорите за пристапување меѓу Европската …
Continue Reading
Еден месец нема одговор од Мицкоски и Филков зошто не се испратени документите за Груевски, велат од СДСМ
Еден месец јавноста чека одговор од Христијан Мицкоски и министерот за правда Филков зошто не се испратени документите за екстрадиција на Никола Груевски. Цел еден месец молчат и не прават ништо, велат од СДСМ. „Наместо постапување, одолговлекување. Наместо правда, заштита на бегалецот Груевски. Прашањето е многу едноставно: Дали Мицкоски и Филков намерно не ги испраќаат документите за екстрадиција за да …
Continue Reading
Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија
Претседателката на Народното собрание на Република Србија, Ана Брнабиќ, на панел-дискусија организирана од медиумската мрежа „Политико“ изјави дека европската интеграција е стратешки приоритет на Србија, нагласувајќи дека земјата успешно се справува со глобалните економски предизвици предизвикани од конфликтите во Европа. Брнабиќ нагласи дека во првиот квартал од 2026 година, Србија постигнала раст на БДП од три проценти, што претставува највисока …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова-Викоф: Со својата географска положба државата е важна точка за источното крило на Алијансата
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф, кој е во прва посета на државата и на македонската армија по преземањето на функцијата. Сиљановска-Давкова му го честиташе мандатот на адмиралот Викоф, потенцирајќи ја значајната улога што Здружената команда во Неапол ја има за евроатлантската безбедност, регионалната стабилност и меѓународниот …
Continue Reading
Северна Македонија е лидер во регионот со реформите, ЕК го потврди она што го кажавме, велат од „Вреди“
Реформите што создаваат конкретни резултати се најдобриот одговор за граѓаните и за европската перспектива на Северна Македонија. Обезбедувањето на 65,7 милиони евра од Европската Унија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан е доказ дека работата, институционалната координација и сериозниот пристап кон реформите што ги предводи Владата со активно учество на ВЛЕН даваат резултати, оценуваат од „Вреди“. Европската …
Continue Reading
Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето утре, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 29 степени. …
Continue Reading
Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција веќе не е само за планирање, тоа е платформа која испорачува
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини вчера го одржа кварталниот координативен состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP), на кој беше претставен напредокот на платформата. На состанокот беше официјализирано приклучувањето на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) кон платформата преку потпишување на Аранжманот за пристап кон Заедничката декларација, што е сигнал дека и понатаму се зголемува …
Continue Reading
Гаши по најавите од Филипче: Постапено е согласно собранискиот Деловник
Во врска со изнесените наводи од страна на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека постапувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е целосно во согласност со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија и во рамки на неговите уставни и деловнички надлежности. „Имено, на 18 мај 2026 година, врз основа на член 126 …
Continue Reading
Лидерс: Мерц не разбира ништо од дипломатија
Михаел Лидерс, заменик-претседател на германската партија Сара Вагенкнехт – За разум и правда и експерт за Блискиот Исток, остро го критикуваше германскиот канцелар Фридрих Мерц, обвинувајќи го дека нема разбирање за дипломатијата и дека дејствува со двојни стандарди во големите меѓународни кризи. „Самопрогласениот канцелар за надворешни работи Фридрих Мерц не разбира ништо од дипломатијата“, рече Лидерс во интервју за „Берлинер …
Continue Reading