Земјотрес со јачина од 3,5 степени почувствуван во Скопје
EMSC попладнево првично објави информација за земјотрес во североисточниот дел на Македонија, во близина на Куманово. Според прелиминарните податоци на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, потресот бил регистриран околу 17:41 часот по локално време, на околу 10 километри североисточно од Куманово.
Continue Reading
МЗ најави нова стратегија за сексуално и репродуктивно здравје 2026 – 2030
Во тек е процедурата за усвојување нова стратегија за сексуално и репродуктивно здравје за периодот 2026 – 2030, придружена со акциски план за имплементација 2026 – 2028 година, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Стратегијата била изработена со поддршка од Канцеларијата на СЗО – Скопје, Канцеларијата на УНФПА – Скопје, како и со МАГО, со учество и на граѓански организации …
Continue Reading
Опожарен форд фокус во Драчево
Ноќеска околу 03:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Скендербег Кастриоти“ во населбата Драчево избувнал пожар во патничко возило форд фокус со скопски регистарски ознаки. Според информациите од полицијата, возилото било сопственост на Ќ.А.(22) од Скопје. На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, која го изгаснала пожарот. Во инцидентот нема повредени лица, а полициски …
Continue Reading
Бројот на жртви во кинескиот рудник за јаглен се искачи на 90, се апсат лица
Експлозијата се случи вчера во 19:29 часот по локално време, а 247 работници работеа во рудникот, кој го управува групацијата Тонгџоу, во времето на несреќата. Стотици спасувачи се испратени на местото на настанот. Снимките од државните медиуми покажуваат медицински екипи кои носат носилки, а амбулантни возила се видливи во позадина. Според извештаите, повеќе од 100 лица се однесени во болница, …
Continue Reading
Невреме со силен пороен дожд и засилен ветер го зафати Скопје
Нов бран на нестабилност попладнево предизвика невреме со силен пороен дожд и засилен ветер во повеќе делови на државата. Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над …
Continue Reading
Приведени 18 возачи за безобѕирно возење, меѓу нив и деца
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територија на целата држава лишиле од слобода 18 возачи поради безобѕирно управување со возило, информираше Министерството за внатрешни работи. Според МВР, 12 лица управувале возило без возачка дозвола, од кои пет биле малолетници. Четворица возачи биле затекнати под дејство на алкохол, а уште двајца управувале возило и без дозвола и под дејство …
Continue Reading
Лишени од слобода двајца крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот
Полициски службеници вчера лишиле две лица од Скопје кои се фатени крадејќи пари од простории на правно лице, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Вчера околу 04:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.П.(29) и Р.Ѓ.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека претходно со употреба на физичка сила и погоден алат одзеле сеф со …
Continue Reading
Наставник од Битола цела година предавал на ученици без да знае дека добил отказ
Наставникот по ликовно образование Стефан Поповски од Битола тврди дека цела учебна година одел на работа, држел настава, пишувал оценки и водел е-дневник, без притоа да знае дека уште во јануари 2025 година формално му бил прекинат работниот однос. Како што објави порталот „Апла“, Поповски бил ангажиран во три училишта за да оформи полн фонд часови, а во подрачното училиште …
Continue Reading
Пет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, три лица приведени
Министерството за внатрешни работи информираше дека во последното деноноќие биле регистрирани вкупно пет случаи на семејно насилство, а три лица биле лишени од слобода по пријави за физички напади и закани во семејството. Според информациите од МВР, во СВР Скопје синоќа околу 22:25 часот, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 21:00 часот, во семејниот дом во скопско, по претходна …
Continue Reading