16-годишник паднал од електричен тротинет во Неготино: со тешки повреди завршил во болница
Вчера во ОВР Неготино, било пријавено дека околу 14:00 часот на крстосница од улица „Климентова“ и улица „Дојранска“ во Неготино, 16-годишник од Неготино, управувајќи електричен тротинет паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 16-годишникот, констатирани во Општа болница Кавадарци. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа …
Continue Reading
Син со нож и се заканувал на мајка си, маж ја претепал сопругата: уапсени четири лица за семејно насилство
Вчера во 12:40 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ш.А. (36) од истото село. Претходно, во 12:00 часот во просториите на Одделението за криминалистичка полиција Тетово, неговата 57- годишна мајка, пријавила дека во нивниот семеен дом, Ш.А. и се заканувал со нож. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против …
Continue Reading
Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово, прашуваат од „Вреди“
Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа трн во око за ДУИ, оценуваат во „Вреди“ Тие што сакаа да го претворат Тетово во пашалак на Дака Давидовиќ, човек на американската црна листа, и ја оставија општината со долг од 24.000.000 евра, не можат да сфатат како Билал Касами го трансформираше Тетово за само еден мандат, …
Continue Reading
Путин: Итно е потребно дипломатско решение за кризата со Иран
Рускиот претседател Владимир Путин и кралот на Бахреин, Хамад бин Иса ал-Калифа, денес телефонски разговараа за решавање на конфликтот на Блискиот Исток, односно кризата во Иран, соопшти Кремљ. „Беше нагласена потребата од брзо политичко и дипломатско решение за кризата околу Иран, земајќи ги предвид интересите на сите земји во регионот“, се наведува во соопштението што го пренесе РИА Новости. За …
Continue Reading
15-годишник тешко повреден во сообраќајка меѓу возило и електричен тротинет
Синоќа во 12:25 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во с.Зајас, кичевско, на локален пат за „Нова населба“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.Џ. (32) од с.Горно Строгомиште, кичевско и електричен тротинет, управуван од 15-годишник од с.Зајас. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар …
Continue Reading
Тешко повредена жена при експлозија на електричен бојлер
Жена од Штип настрадала од експлозија на бојлер во викендица во Пехчевско. Тешко е повредена. Имено, вчера во 18:35 часот во ОВР Берово од Итната медицинска помош Пехчево било пријавено дека во викенд куќа во туристичката населба „Равна река“, атар на Пехчево, во сопственост на З.В. од Пехчево, при експлозија на електричен бојлер со тешки телесни повреди се здобила 42-годишната …
Continue Reading
Изгаснат пожарот во фабриката во Радовиш: МВР со детали
Синоќа во 20:08 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, во која биле сместени машини и репроматеријали. По интервенција на Територијалните противпожарни единици од Радовиш и Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и инспектор за пожари. …
Continue Reading
Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија: уапсена е нејзината мајка
Вчера во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки. Со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор …
Continue Reading
Со автомобил удриле во мотор-доставувач па го истепале возачот
Утрово во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција. Полицијата постапила постапувајќи по пријава дека на 24.05.2026 околу 19:55 часот на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи …
Continue Reading