Залутано зрно од огнено оружје заврши во двор на куќа во Бутел
Во СВР Скопје е пријавен инцидент во кој залутано зрно од огнено оружје завршило во приватен имот во скопската населба Бутел, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, на 28.05.2026 година околу 13:50 часот, шеесет и двегодишниот Е.М. од Скопје пријавил дека во дворот од неговата куќа на подрачјето на Бутел, од залутано зрно од огнено оружје била …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски на прославата „80 години Македонци во Војводина“: Народот што го чува својот јазик и своите корени, секогаш има иднина
Со исклучително свечена академија во Нови Сад, срцето на Војводина, беше одбележан големиот јубилеј – 80 години од доселувањето и организираниот живот на Македонците во Војводина, Република Србија. На централната прослава се обрати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој пред присутните упати историски пораки за македонскиот идентитет, јазик и континуитет. Мицкоски истакна дека постојат јубилеи кои не се мерат само …
Continue Reading
Остатоци од ирански балистички проектил погодија воена база во Кувајт, оштетени американски беспилотни летала
Остатоци од ирански балистички проектил вчера погодија воена база во Кувајт, при што полесно беа повредени неколку американски државјани, а настрадаа и две беспилотни летала од типот „MQ-9 Reaper“, пишува Блумберг. Како што наведува извор запознаен со нападот кој сакал да остане анонимен, кувајтската противвоздушна одбрана го пресретнала проектилот Фатех 110, но остатоците паднале врз базата Али Ал Салем. Околу …
Continue Reading
САД истражуваат дали Кина му испорачала на Иран ракети и напреден радар за соборување на американскиот авион Ф-15
Борбениот авион Ф-15, кој минатиот месец беше соборен над југозападен Иран – настан што покрена високоризична операција за спасување – најверојатно бил погоден со кинеска ракета, откриваат три извори запознаени со ситуацијата. Според наводите на еден од изворите и на американски официјален претставник, постојат индиции дека Кина во првите денови од судирот можеби му испорачала на Иран и радар за …
Continue Reading
Британски „Телеграф“: Додека светот гледа кон војната во Иран, Ердоган брутално ја збриша опозицијата
Додека меѓународното внимание во изминатите месеци беше насочено кон војната во Иран и растечките безбедносни тензии на Блискиот Исток, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја искористи приликата за дополнително зацврстување на власта и слабеење на политичката опозиција во земјата. Британскиот весник Телеграф оценува дека токму тој би можел да биде вистинскиот победник од овој блискоисточен конфликт. Тензиите во Турција кулминираа …
Continue Reading
Заштита на каблите од Русија и Кина: САД, Британија и Австралија развиваат воени подводни дронови
Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и Австралија најавија заеднички развој на напредна технологија за подводни дронови, со примарна цел заштита на критичните подморски кабли и засилување на одбраната во глобалните води. Овој проект се спроведува во рамките на трилатералниот воен сојуз АУКУС, а официјалната објава пристигна од безбедносниот самит во Сингапур, пренесува Би-би-си. Се очекува новата технологија за беспилотни подводни …
Continue Reading
Ливерпул го отпушти Слот, Ираола ќе биде новиот тренер
Арне Слот повеќе не е менаџер на Ливерпул, потврди клубот од „Енфилд“. „Ливерпул може да потврди дека Арне Слот ја напушта позицијата шеф на тренерскиот штаб со непосреден ефект, а процесот на назначување на неговиот наследник е веќе во тек. Од клубот си заминува со титулата шампион на Премиер лигата и со наша најдлабока благодарност и почит за сè што …
Continue Reading
Пожар во кумановско Матејче: две лица се затруле од чад откако се запалила куќа
Две лица завршија во болница откако вдишале чад при пожар што избувнал во куќа во кумановското село Матејче, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, инцидентот бил пријавен во СВР Куманово вчера во 13:28 часот. Пожарот избувнал во куќа сопственост на М.С., а благодарение на брзата реакција на соседите, огнот бил навреме локализиран и целосно изгаснат. Сепак, поради вдишување …
Continue Reading
Русија го повлече амбасадорот од Ерменија, Путин се заканува со „украинско сценарио“
Русија го повлече својот амбасадор од Ерменија на консултации, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Овој потег доаѓа само еден ден откако претседателот Владимир Путин упати остро предупредување до оваа јужнокавкаска земја поради нејзините сè посилни врски со Европската Унија, пренесува The Moscow Times. „Рускиот амбасадор во Република Ерменија, С. Копиркин, е повикан во Москва на консултации поради чекорите што …
Continue Reading