Крос откри како Мурињо ја надмудрил Барселона
Тони Крос не крие дека е импресиониран од она што Реал Мадрид го покажа во Ел Класико против Барселона, а особено беше импресиониран од подготовката на натпреварот што ја направи Жозе Мурињо. Поранешниот играч од средниот ред на „Кралскиот клуб“ верува дека португалскиот тренер пронашол начин целосно да ја наруши играта на каталонските гиганти. Реал Мадрид славеше со 2:1 на …
Continue Reading
Муцунски-Клеин: изразено очекување за продолжување на унгарската поддршка на европската перспектива на регионот
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западен Балкан, амбасадорот Андраш Клеин. На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, кои во 2025 година беа издигнати на ниво на стратешка соработка меѓу двете влади. Притоа, …
Continue Reading
(Видео) Дали над 50 милиони евра се префрлаат преку „Алта банка“ во Македонија, зошто Мицкоски и Славески молчат, прашува Жерновски
Сакаме да направиме сублимат на она што се случуваше изминатите пет дена, поврзани со случувањата кај нашиот северен сосед, и денеска сакаме да зборуваме и да ги поставиме прашањата на коишто нашиот премиер Мицкоски упорно и упорно одбегнува да даде одговори. Сведочиме за громогласен молк од страна на премиерот, истакна на прес-конференција Андреј Жерновски од СДСМ. Сведочиме, вели тој, за …
Continue Reading
Уапсени двајца дрвокрадци во прилепско и крушевско, пронајдени се и одземени нежигосани дрва
Полицијата уапси двајца дрвокрадци во прилепско и крушевско, пронајдени се и одземени нежигосани дрва. Според информациите на МВР, вчера во с.Житоше, општина Долнени, полициски службеници од Полициско одделение Ропотово го лишија од слобода В.С.(57) од с.Житоше затоа што на место викано ,,Надводеница“ во с.Житоше бил затекнат со приколка натоварена со нежигосани огревни дрва. Истиот ден и во село Белушино, крушевско, …
Continue Reading
Вечерва концерт на пијанистите Данијел Гашпаровиќ и Дино Имери во Салон 19:19
Вечерва со почеток во 20 часот во Салон 19:19 (Културно информативен центар – Скопје), скопската публика ќе има можност да присуствува на концерт во кој силите ги обединуваат Данијел Гашпаровиќ (Хрватска) и Дино Имери – двајца исклучителни пијанисти со меѓународно реноме. Уметниците ќе презентираат програма од Л. ван Бетовен, Б. Папандопуло, Д. Имери, М. Мошковски и М. Равел настапувајќи како …
Continue Reading
Клековски на 12. Турски медицински светски конгрес: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори
Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на отворањето на 12. Турски медицински светски конгрес во Истанбул. Конгресот го организираат Министерството за здравство на Република Турција и Институтот за здравство на Турција, под мотото „Иновативно здравство: отпорни здравствени системи, наспроти глобалните здравствени закани“. На отворањето, покрај турскиот министер за здравство, Кемал Мемишоглу, се обратија и министри за здравство од …
Continue Reading
Дурмиши: Женското претприемништво мора да стане двигател на регионалниот економски развој
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска учествуваше на регионалната конференција „SHE RISES REGIONAL 2026“ во Приштина, Република Косово, каде што на панелот посветен на унапредување на женското претприемништво преку регионална економска соработка и европска интеграција ги претстави мерките на Владата за поддршка на жените претприемачи, зголемување на конкурентноста и отворање нови можности за регионално економско поврзување. Во своето …
Continue Reading
Хоџа: Климатската акција бара конкретни мерки, инвестиции и заедничка одговорност
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска учествуваше на националниот дијалог „Забрзување на климатската акција: Национален дијалог на патот кон COP31“, организиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Во рамки на настанот се одржа панел-дискусија во која покрај министерот Хоџа учествуваа претседателката на Република Северна Македонија, Гордана …
Continue Reading
Песков: Учеството на европските земји во преговорите за Украина не е разгледано
Можноста европските земји да учествуваат во трилатералните преговори меѓу Русија, Соединетите Американски Држави и Украина не е разгледана со ниту една од страните, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Вака одговори на новинарско прашање за пишувањето на британскиот весник „Фајненшл тајмс“, според кое Вашингтон разгледува вклучување на претставници на Велика Британија, Франција и Германија во разговорите за прекин на …
Continue Reading