(Видео) Жерновски: Катастрофата во која Мицкоски и неговите нè втурнаа овие две и пол години се одразува директно и во Извештајот

Катастрофата во која Мицкоски и неговите нè втурнаа овие две и пол години се одразува директно и во Извештајот. Нема никаква тајна околу овие извештаи. Каков мандат, каков резултат на вашиот мандат, такви и извештаи добиваме од Брисел и затоа сè ова што е набележано во Извештајот можеме накратко директно да го оцениме како катастрофа, изјави , Андреј Жерновски, Секретар …

Continue Reading

Серија дојави за бомби во авиони низ Европа, повеќе летови пренасочени

Повеќе патнички авиони во Европа денеска биле пренасочени или подложени на дополнителни безбедносни проверки по серија дојави за поставени бомби. Инцидентите зафатија летови кон Франција, Италија, Бугарија, Белгија и други европски земји, пренесуваат „Гардијан“ и украинскиот портал НВ. Авион на компанијата „Ер Лингус“, кој летал од Даблин кон Рим, бил пренасочен кон воена воздухопловна база во францускиот град Евре. Леталото …

Continue Reading

Народна банка: СДСМ повторуваат веќе демантирани невистини и свесно ја поткопуваат довербата на штедачите

Народната банка најостро ги отфрла, како што велат, манипулациите на СДСМ. Од таму велат дека партијата повторува веќе демантирани невистини и свесно ја поткопува довербата на штедачите. „Народната банка најостро ги отфрла денешните обвинувања на СДСМ во врска со назначувањето на еден од администраторите на АЛТА банка АД Битола. Станува збор за повторување на веќе демантирани тврдења, со кои свесно …

Continue Reading

Комисијата за заштита од дискриминација: Жената не е подредена на мажот, ниту нејзиниот живот зависи од негова дозвола

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација изразува сериозна загриженост и ги осудува јавните ставови, особено оние изнесени од јавни личности, со кои се промовира стереотипно сфаќање на улогата на жената во општеството и се релативизира насилството во партнерските и семејните односи. „Нарушените односи во семејството не можат и не смеат да бидат причина или оправдување за насилство. Односите меѓу …

Continue Reading

Србија почнува со реконструкција на уште 32 километри од железничката пруга кон Бугарија

Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија го одобри почетокот на четвртата фаза од реконструкцијата и модернизацијата на железничката пруга Ниш – Димитровград, која ја поврзува Србија со Бугарија, пренесуваат српските медиуми. Новата фаза опфаќа околу 32 километри железничка пруга, реконструкција на четири железнички станици и изградба на четири патни премини. Работите ќе се изведуваат на делниците меѓу Долац …

Continue Reading

Кои се потенцијалните наследници на Трамп за изборите во 2028 година?

Иако Доналд Трамп ги повика гласачите да гласаат како тој самиот да е на гласачкото ливче, демократите остварија убедлива победа. Со оглед на ваквиот исход, фокусот веќе се префрли кон претседателските избори во 2028 година – трка во која Трамп сигурно нема да биде кандидат. Според Марџори Тејлор Грин, истакната личност во движењето „MAGA“, во рамките на Републиканската партија веќе …

Continue Reading

Кристијано Роналдо донесе одлука: Драги навивачи, ова е крајот

Кристијано Роналдо одлучи дека повеќе нема да игра за португалската репрезентација. Легендарниот португалски фудбалер, кој има 41 година, ја објави својата одлука преку видео објавено на Инстаграм, со што ја заврши својата 23-годишна репрезентативна кариера. „Португалија секогаш ќе биде во мене“, напиша Роналдо на видеото. Роналдо одигра 234 натпревари за португалската репрезентација и постигна рекордни 146 гола, што го прави …

Continue Reading

Манчестер Јунајтед најде напаѓач во Саудиска Арабија

Славниот Манчестер Јунајтед имаше лош почеток на сезоната, па затоа е сè поизвесно дека „Црвените ѓаволи“ ќе бидат активни за време на јануарскиот преоден рок. Бројни фудбалери се поврзуваат со доаѓање на „Олд Трафорд“, а најновите информации од Англија велат дека еден од приоритетите на славниот клуб е засилување на нападот. Ајван Тони, напаѓач кој моментално игра во Саудиска Арабија …

Continue Reading

Откриен диносаурус што се хранел со овошје, живеел пред 66 милиони години

Научници открија нов вид диносаурус кој живеел пред околу 66 милиони години и, за разлика од своите месојадни предци, најверојатно се хранел претежно со овошје. Откритието, објавено во научното списание „Nature Communications“, дава нови сознанија за исхраната и еволуцијата на праисториските животни. Фосилните остатоци се пронајдени во геолошката формација Хел Крик во САД. Новооткриениот вид, наречен *Infernogallus jamesi*, бил мал …

Continue Reading