Барселона го продолжи договорот со капитенот
Капитенот на Барселона, Рафиња, го продолжи договорот до 30 јуни 2030 година, објави клубот. Актуелниот договор на 29-годишниот бразилски фудбалер важеше до јуни 2028 година. Рафиња постигна 19 гола на 13 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, од кои 15 во шпанското првенство, забележал и три асистенции. Во 2022 година, тој се пресели од Лидс во Барселона, со која освои …
Continue Reading
ЛДП: Итни оставки и интерпелација за Кочоска и Славески по скандалозните изјави за Алта банка
Институционален хаос и алармантен доказ за целосен колапс на власта е признанието на министерката за финансии дека воопшто не била консултирана од гувернерот за влезот на Алта банка и за милионските скандали. Ова не само што е занемарување или лага, ниту пак само врвна неспособност – ова е безобразие, криминално однесување и за ова мора да има итни последици, велат …
Continue Reading
Комо сруши неколку рекорди во блесквата ноќ во Ленс
Со спектакуларната победа од 9:1 над Ленс, Комо испиша историјата на Лигата на шампионите и италијанскиот фудбал, соборувајќи неколку рекорди во елитното европско натпреварување. Тимот на Сеск Фабрегас стана првиот италијански клуб кој постигнал девет гола во еден натпревар од европско натпреварување. Комо е исто така првиот италијански тим кој постигнал најмалку седум гола на гости во Лигата на шампионите. …
Continue Reading
Ѓорѓиевски за новата мерка за млади брачни парови: Таа е дел од мојата изборна програма, не станува збор за прифатена иницијатива
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, нагласи дека мерката за ослободување од комуналии за млади брачни парови е дел од неговата изборна програма и не станува збор за прифатена иницијатива. „Видов лиферувани информации дека наводно сум прифатил нечија иницијатива за ослободување на млади брачни парови од комуналии за градба, а тоа не е вистина. Почитувани, тоа е пракса која што …
Continue Reading
Проширени капацитетите на детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, пратеничката Драгана Бојковска, како и претставници на јавните установи и Советот на Општина Илинден, ги посети новоуредените простории во детската градинка „Гоце Делчев“ и новоотворениот шалтер за социјална работа во општинската зграда. При посетата беа разгледани двете нови занимални, кои се уредени со …
Continue Reading
Осмото издание на „Андерфест“ утре во МКЦ
Во петок, 6 ноември, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи осмото издание на Андерфест, фестивал кој ја промовира алтернативната музика и новите музички имиња на домашната сцена. Програмата оваа година ги обединува Мамут, Корка, Eurokrem и Replays од Roma Rock School, Princess Donatsu, Крул, Гној и Фанк Шуи. Различните музички стилови и препознатливиот звук на изведувачите ветуваат …
Continue Reading
Бартломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје
Полскиот нуркач Бартломиеј Питала денеска на седница на Градот Скопје е прогласен за почесен граѓанин на Скопје. „Бартломиеј Питала – почесен граѓанин на Скопје, човекот со чиј подвиг светот слушна за нашето богатство! На 338 метри под водата, во длабочините на Врело, полскиот нуркач Бартломиеј Питала испиша историја! Во рамките на меѓународната експедиција ‘Врело 2026’, тој достигна рекордна длабочина, со …
Continue Reading
Македонскиот кандидат за Оскар, „17“ со скопска премиера на 26. Скопје Филм Фестивал
Во рамките на програмата на 26. Скопје Филм Фестивал, вечер во Македонскиот Народен Театар (МНТ), скопската публика ќе има можност премиерно да го погледне остварувањето „17“, официјалниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ во категоријата за Најдобар меѓународен игран филм. Ова остварување го означува долгометражното играно деби на режисерката Косара Митиќ, која со својот прв филм донесува свеж, автентичен и храбар …
Continue Reading
Славески: Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола
Утрово започна исплатата на средствата на граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, со посебен приоритет на пензионерите и примателите на социјална помош, информираше гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на средбата со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), Станка Трајкова, и директорот на Фондот на пензиското …
Continue Reading