Полскиот премиер по поразот на републиканците во САД: Ја сакам демократијата
Полскиот премиер Доналд Туск ја поздрави победата на демократите на меѓуизборите во САД, порачувајќи дека демократијата победила во Америка. Тој му упати и совет на американскиот претседател Доналд Трамп да не го злоупотребува правото на вето. „Денеска демократијата победи во Америка. Ја сакам демократијата“, изјави Туск на заедничката прес-конференција со чешкиот премиер Андреј Бабиш во Варшава, пренесува полската новинска агенција …
Continue Reading
Тошковски: Камерите придонесуваат за помалку сообраќајни несреќи, ќе се анализираат црните точки
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека бројот на жртви во сообраќајни несреќи е значително намален во споредба со претходните години, оценувајќи дека поставувањето камери во рамки на проектот „Сејф сити“ придонесува за подобрување на безбедноста на патиштата. Според бројките што ги презентираше, досега се регистрирани 85 жртви во сообраќајни несреќи, наспроти 117 во споредбениот период од минатата година. …
Continue Reading
Двајца вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ осомничени за компјутерска измама тешка 21.000 евра
Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против две лица поради сомненија дека како соизвршители сториле кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Компјутерска измама според член 251-б став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Пријавените, во својство на службени лица – вработени во …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова пред Руте: Коридорите 8 и 10 се стратешки правци за воената мобилност на НАТО
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и колективната одбрана, посочувајќи дека сојузничкото единство и силната трансатлантска врска се темелни предуслови за безбедноста на сојузниците. Таа ја потврди определбата за достигнување на целта за издвојувањето, согласно Хашкиот план, нагласувајќи …
Continue Reading
Сè оди надолу, рече Филипче за извештајот на Европската Комисија
Сè полошо е. Нула напредок против корупција, слобода на изразување и јавните набавки. Судство под политичка опсада и без пари. 40 тужби против новинари – тројно повеќе од лани. Медиумите под притисок. Земјоделство пред колапс. Вака претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го коментираше Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија во 2026 година, во објава на социјалната мрежа …
Continue Reading
Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство
Седумнаесетгодишната девојка од Богданци, која претходно пријавила физичко насилство од својот партнер, е пронајдена УБИЕНА во опожарено возило. Нејзиниот 21-годишен насилен партнер, по убиството, се самоубил. Само еден месец претходно, на 30 септември, тој физички ја нападнал во својот дом, а на 1 октомври бил лишен од слобода. Денес повторно читаме за мртва девојка која претходно побарала помош. И веќе …
Continue Reading
Нови детали за двојната смрт во Богданци: се истражува убиство и самоубиство, претходно имало пријава за насилство
Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство во случајот со двете безживотни тела пронајдени вчера во Богданци, едното во опожарено возило, а другото во негова непосредна близина, велат од Обвинителството. Оттука информираат дека јавен обвинител извршил увид на местото на настанот и издал повеќе наредби за обезбедување докази. Наредена е обдукција на двете тела, а обезбедени се и снимки од …
Continue Reading
Чудото од дете на Манчестер Јунајтед ќе заврши во Реал
Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој пред еден месец побара да го напушти клубот, Џеј Џеј Габриел, дефинитивно ќе го напушти „Олд Трафорд“, а според информациите, кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Габриел, кого го нарекуваат генерациски талент, требаше да добие минутажа веќе во првиот дел од оваа сезона, беше планиран за помалку важни куп натпревари, но ги изненади …
Continue Reading
Реформа на итната помош, обнова на болниците и нови лекови – Клековски ги претстави проектите во здравството
Поголема достапност на лекови, реформа на итната помош, обнова на болниците и дигитално здравство се дел од проектите за кои денеска на прес-конференција зборуваше министерот за здравство, Сашо Клековски. Министерот информираше дека новата есенцијална листа опфаќа 392 лека, од кои 193 се нови. Со ЦФ модулатори се лекуваат 126 пациенти со цистична фиброза, наспроти три во 2021 година. За пациентите …
Continue Reading