Повторно блокиран граничниот премин „Богородица“

Од 11 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е блокиран за влез и излез, информира АМСМ. Преминот беше блокиран и вчера поради штрајк на земјоделците. Од 09 до 13 часот на ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси. На ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви …

Continue Reading

Пронајдени пет мигранти од Египет кај Гевгелија, уапсено едно лице

Полицијата уапси едно лице за криумчарење мигранти кај Гевгелија каде биле пронајдени пет лица од Египет. Вчера во 20:30 часот на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода Р.Р.(28) од с.Копаница, скопско. При преглед во возилото „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет. Мигрантите се спроведени во …

Continue Reading

По 11 години, осум семејства на патници на летот MH370 добија отштета

Суд во Пекинг ѝ наложи на „Малезија ерлајнс“ да им исплати отштета на семејствата на осум патници на исчезнатиот лет MH370. Секое семејство има право на 2,9 милиони јуани, што е околу 352.600 евра, пренесува „Скај њуз“. Летот MH370 мистериозно исчезна во 2014 година на пат од Куала Лумпур до Пекинг, предизвикувајќи една од најголемите пребарувања во историјата на воздухопловството. …

Continue Reading

Украинските сили подигнаа знаме во Покровск

Украинските сили подигнаа знаме во Покровск како одговор на руските тврдења дека градот е освоен. Според ББС, борбите продолжуваат, а украинските единици се повлекуваат, но тврдат дека сè уште го контролираат северниот дел од градот. Командантот на украинската јуришна единица „Скала“, Јуриј, наредил на двајца војници да го подигнат украинското знаме за да го покажат присуството на Украина. Украинските сили …

Continue Reading

Сорентино и филмот Југо Флорида со Андрија Кузмановиќ на репертоарот на Синедејс

Денес, на претпоследниот ден од 24 издание на фестивалот Синедејс, во киното Фросина, со почеток од 20 часот ќе биде прикажан филмот “Помилување” во режија на славниот италијански режисер Паоло Сорентино. Филмот “Помилување” ја имаше својата светска премиера на 82 издание на Венецискиот филмски фестивал, со што се отвори и 82-та Мостра. Токму на овој фестивал, актерот Тони Сервиљо ја …

Continue Reading

Лукашенко: Западот се милитаризира, Белорусија мора да ги засили одбранбените капацитети

Белорускиот претседател Александар Лукашенко предупреди на милитаризацијата на западните земји. Според него, поради ова, потребно е да се зајакнат одбранбените капацитети на Белорусија. Зборувајќи на седницата на Советот за безбедност на Белорусија, Лукашенко нагласи дека националната одбрана и воената безбедност се приоритет во сегашната глобална ситуација, објави Белта. „Не можеме да ја игнорираме оваа мобилизација и милитаризација. Овие земји нема …

Continue Reading

Општина Аеродром воведува селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата

Општина Аеродром станува прва општина што воведува системска селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата. Со овој проект, велат од Општината, секое пластично шише и пластично пакување ќе има своја вредност, а граѓаните ќе придонесуваат за почисто и поодговорно општество. „Проектот ќе опфати вкупно 600 домаќинства, а во првата фаза 50 домаќинства ќе добијат специјални канти за селекција на пластика. …

Continue Reading

Трамп ѝ даде зелено светло на Nvidia да продава чипови со вештачка интелигенција на Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе му дозволи на технолошкиот гигант „Нвидија“ да ги продава своите напредни чипови за вештачка интелигенција H200 на „одобрени клиенти“ во Кина. Оваа одлука претставува значаен пресврт во американската политика и доаѓа по месеци геополитички тензии меѓу Вашингтон и Пекинг околу пристапот до клучни технологии, пишува Би-Би-Си. Трамп ја објави својата одлука во понеделник …

Continue Reading

Новиот шеф на „БМВ“ е Србин, роден во Крушевац

Милан Неделковиќ на 14 мај 2026 ќе ја преземе функцијата претседател на Управата на „БМВ АГ“, одлучи Надзорниот одбор. Тој ќе го замени Оливер Ципсе, кој повеќе од десет години е во управата и од 2019 е на нејзино чело. Претседателот на Надзорниот одбор Никола Питер нагласи дека Неделковиќ има „јасен стратешки поглед, силна способност за реализација и изразено претприемачко …

Continue Reading