Лидерите на Франција, Британија и Германија 40 минути разговарале со Трамп за Украина

Лидерите на Франција, Велика Британија и Германија разговарале 40 минути со американскиот претседател Доналд Трамп за ситуацијата во Украина, потврди претседателот Емануел Макрон. Во телефонскиот разговор учествувале и британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Разговорите се случуваат во момент кога Трамп врши притисок врз Киев да прифати договор за завршување на руската инвазија.  

Continue Reading

САД ќе ги објават тајните списи за Епштајн: Судот даде зелено светло

Американски сојузен судија во Њујорк одобри Министерството за правосудство да ги објави записите од големата порота поврзани со случајот за трговија со луѓе против Џефри Епштајн од 2019 година, јави „Би-би-си“. Одлуката на судијата Ричард Берман ги поништува неговите претходни насоки материјалот да остане таен и се темели на новиот Закон за транспарентност на документите за Епштајн, кој го обврзува …

Continue Reading

Градот Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово базирано насилство

На денешната седница на Советот на град Скопје беше донесена одлука со која се отвора можност еден стан во сопственост на градот да се користи како безбеден, заштитен и привремен дом за жртвите на семејно и родово базирано насилство. Овој простор ќе овозможи итен смештај, стручна поддршка, советување и целосна грижа сè до стабилизација на ситуацијата и изнаоѓање трајно решение. …

Continue Reading

Будимпешта против планот на ЕУ: Унгарија нема да учествува во распределбата на мигранти

Унгарија соопшти дека нема да го примени новиот механизам за солидарност во Европската унија и дека нема да прифати ниту еден мигрант, пренесуваат унгарските медиуми. На прес-конференција во Будимпешта, шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Гергељ Гуљаш, повтори дека владата останува против миграциската политика на ЕУ. Министрите за внатрешни работи и правда на ЕУ во понеделник го договорија механизмот …

Continue Reading

Зеленски: Го финализираме мировниот документ што наскоро ќе им го претставиме на Американците

Претседателот на Украона, Володимир Зеленски вели дека земјата го финализира мировниот документ од 20 точки и ќе го претстави на Соединетите Држави наскоро. Во соопштението, Зеленски наведува дека Украина и САД ќе одржат нови разговори за повоена обнова и економски развој. „Ја финализираме работата на 20-те точки од фундаменталниот документ што би можел да ги дефинира параметрите за завршување на …

Continue Reading

Тошковски во Брисел: Македонија ја потврдува посветеноста во борбата против криумчарењето мигранти

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Брисел учествуваше на Втората меѓународна конференција на Глобалната алијанса за борба против криумчарењето мигранти – значаен светски форум кој ги обединува партнерите во справувањето со еден од најсериозните транснационални безбедносни предизвици. Во име на Македонија, министерот Тошковски ја поддржа Заедничката декларација на Алијансата, со што државата уште еднаш ја потврдува својата цврста …

Continue Reading

Пазарот на недвижности пораснал за 15 отсто – Аеродром со најмногу продажби, Кисела Вода со најголем скок на цените

Пазарот на недвижности во земјава во првите шест месеци од оваа година бележи зголемена динамика, а гледано на територијата низ целата држава, најголемиот дел од активностите се концентрирани во неколку скопски општини. Според податоците од Агенцијата за катастар на недвижности, Аеродром е општината со најмногу купопродажби – 562 трансакции, веднаш зад неа е Гази Баба со 555, а Карпош со …

Continue Reading

Минчев: Рационална, професионална и европска администрација, со поддршка на СИГМА се усогласуваат клучните реформски приоритети

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Баграт Тунјан, раководител на тимот за стратешко планирање и државен менаџер за Република Македонија во рамки на СИГМА – заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската унија. Фокусот на средбата беше насочен кон рационализирање, координирање и унапредување на јавната администрација која ќе може да одговори на потребите на граѓаните и бизнис …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Родово одговорното буџетирање е клуч за подобри јавни политики

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека родово одговорното буџетирање претставува системско решение за општествените потреби и трансформативен инструмент за креирање правични политики. Таа се обрати на отворањето на меѓународниот форум „Одиме Глокално 2.0: Одржлива родово одговорна иднина“, што денес и утре се одржува во Скопје. „При секое планирање на државниот буџет мора да се има предвид родовата димензија, ако сакаме да …

Continue Reading