Мексикаците ја потврдија замена за Агире по СП

Фудбалската репрезентација на Мексико, на СП, чии е ко-домаќин, заедно со САД и Канада, од клупата ќе ја предводи искусниот стратег, Хавиер Агире. Националниот сојуз објави дека тоа ќе биде последната работа на Агире, тој по Мундијалот ќе се пензионира. Ова значи дека по Светското првенство, Мексико ќе добие нов селектор. „Собрероси“ по СП ќе ги преземе уште една легенда, …

Continue Reading

Милена од Скопје е тримилионитиот патник што доби авионски билети за дестинација по избор и награди

TАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на АДП Групацијата, денес го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје. Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски ја изненадија 3 милионитата патничка додека се пријавуваше на летот Скопје – Бари, информирајќи ја дека токму таа го одбележува значајниот …

Continue Reading

Љутков од Охрид: Културата што денес ја негуваме, утре ќе биде јазикот преку кој нашиот регион ќе зборува – со заемна почит, доверба и визија

„Нашето културно наследство, како материјален и нематеријален ресурс, бара внимателно и одговорно управување. Во услови на климатски промени, деградација на просторот и притисок од масовниот туризам, неопходно е да применуваме интегрирани методологии што ги поврзуваат научните знаења, стручните практики и современите технологии. Заштитата на наследството е чин на стратешко планирање, но и чин на одговорност кон идните генерации“, истакна министерот …

Continue Reading

Русија поднесе тужба против белгискиот депозитар „Еуроклир“ поради замрзнатиот руски имот

Руската централна банка соопшти дека поднела тужба до арбитражниот суд во Москва против белгискиот депозитар Еуроклир, поради, како што наведува, „незаконити постапки“ и плановите на Европската унија за користење на замрзнатата руска имотна маса. Според соопштението, тужбата опфаќа надомест на штета во висина на вредноста на замрзнатата имотна маса на централната банка, како и замрзнатите хартии од вредност и изгубениот …

Continue Reading

Британец тврдеше дека во самоодбрана ја убил сопругата, судот му поверува – сè се смени кога проговори детето осум години по убиството

Столар од Сари во Обединетото Кралство, Роберт Родс (52), е прогласен за виновен за убиство на својата сопруга Доун Родс, осум години откако првично бил ослободен од обвинението, објави Скај њуз. Родс ја убил сопругата во јуни 2016 година во нивниот дом во Редхил, тврдејќи дека дејствувал во самоодбрана, по што во 2017 година бил ослободен. Случајот бил повторно отворен …

Continue Reading

Стопанска банка АД Битола бара јавно извинување од СДСМ, во спротивно најавува правни чекори

Стопанска банка АД Битола најостро ја осуди денешната прес-конференција на СДСМ и изјавите на Александар Саша Димитријевиќ, оценувајќи дека се работи за невистини и манипулативни наводи кои, како што наведуваат, се во спротивност со јавно прокламираните заложби на партијата за привлекување инвестиции и унапредување на регионалната соработка. Во реакцијата, Банката наведува дека е зачудувачки што СДСМ, како партија што претендира …

Continue Reading

Средба со просветните работници на годината во Битола

Наташа Тодоровска- наставник по одделенска настава во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола и Аница Б. Златевска- психолог во ОУ „Коле Канински“ во Битола, кои беа меѓу просветните работници кои добија признание од Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници, денеска имаа прием кај градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Градоначалникот Коњановски им честиташе за признанијата „Просветен работник на …

Continue Reading

ФЗО прворангиран во мониторинг-извештајот за државните институции за 2025 година

Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗО) е рангиран на прво место во Извештајот за мониторинг на државните институции за 2025 година, изготвен од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер. ФЗО ја дели водечката позиција со Државниот завод за ревизија, со освоени максимални 51 бод. Ова претставува значителен напредок за институцијата, …

Continue Reading

Општина Струмица на конференција организирана од УНДП

Општина Струмица учествуваше на конференцијата на УНДП посветена на темата „Човекови права и животна средина – Унапредување на пристапот до правда и институционална одговорност“. На панел-дискусијата говорник беше Зорица Партенова, општинска инспекторка за животна средина, која ги презентираше: мерките за следење на еколошките црни точки инспекторските активности и постапки начините за поефикасно справување со аерозагадувањето чекорите што ги презема општината …

Continue Reading