Почина Васил Рингов

Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, Васил Рингов, почина на 71-годишна возраст по кратко боледување. Рингов е еден од најголемите фудбалери во историјата на македонскиот фудбал и на Вардар. Роден е во Струмица на 17 април 1955 година, каде што ја започна својата кариера во локалната Беласица. Кратко време го носеше дресот на Партизан, а потоа играше во …

Continue Reading

Мециновиќ: Додека претседателката зборува за топење на глечери, граѓаните се гушат од загаден воздух

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција по годишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека во нејзиниот говор изостана визија за реалната состојба во државата. Тој истакна дека наместо анализа на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, обраќањето беше сведено на флоскули и претставување на владината агенда на ДПМНЕ, а не на политичка слика што ги опфаќа …

Continue Reading

Полска поставува противдронски систем на границата со Белорусија

Полска постави прв противдронски одбранбен систем на новa набљудувачкa кула во близина на границата со Белорусија, како дел од зајакнатите безбедносни мерки, објави Еуроњуз. Системот е инсталиран во местото Ожерани и ќе биде оперативен од јануари, потврди министерот за внатрешни работи, Марчин Кервински. За време на божиќните празници, повеќе од 6.000 припадници на армијата, граничната полиција и полицијата ќе бидат …

Continue Reading

Зеленски: Подготвени нацрти за завршување на војната со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина и САД подготвиле неколку нацрти на документи поврзани со безбедносни гаранции, обнова и рамка за завршување на војната со Русија, по неколку рунди разговори одржани за време на викендот во Мајами, објави „Кијив Пост“. Зеленски наведе дека работата била продуктивна и дека документите се структуирани со цел да обезбедат „вистински крај на војната …

Continue Reading

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери

Криминални политики со тендери и неспособност во енергетиката се двете единствени причини поради која сите граѓани на Македонија ќе плаќаат поскапа струја и поради што се воведува кризна состојба, велат од СДСМ преку соопштение. „За само година и половина владата на Мицкоски ја доведе најголемата државна енергетска компанија ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Оваа година има историски најниско производство …

Continue Reading

Разгледан клучниот План за праведна транзиција за 2026: Фокус на имплементација и координација

Денеска се одржа состанок на Советот за праведна транзиција, на кој беше разгледан Годишниот план за имплементација на праведната транзиција за 2026 година. На состанокот беше нагласено дека Планот за 2026 е клучен документ за насочување на активностите во процесот на праведна транзиција и за исполнување на обврските на државата во рамки на Реформската агенда и Планот за раст, при …

Continue Reading

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Владата на денешната редовна владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. „Како што информиравме во текот на претходните денови, …

Continue Reading

Ако ЕУ има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе најде и за нас, пoрача Сиљановска-Давкова во годишното обраќање

Вистинската пречка за нашиот европски пат не се копенхагенските критериуми, ниту реформите, туку прифаќањето решенија и услови што не се врзани со владеењето на правото. Во случајот со македонските евроинтеграции, проблемот не е административен, туку лежи во уставните амандмани, потенцира претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во годишното обраќање. Ние сме, додава таа, технички усогласен, но политички блокиран кандидат за членство, потсетувајќи на …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Социјалдемокрасткиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми во Собранието, посочи дека причината за зголемување на цената на струјата е катастрофалното менаџирање на енергетскиот систем во земјата од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. „Ништо не е постигнато од проекциите и задачите кои што оваа влада си ги дала сама на себе. Треба да се произведат …

Continue Reading