Јаневска: Исправивме голема неправда, во првото полугодие 30-тина деца на подолготрајно лекување редовно следеа настава
Учениците кои отсуствуваат од настава подолго од три недели, затоа што се на болничко лекување, можат да го продолжат образованието преку онлајн вклучување во наставата во реално време во својот клас, да ги користат доставените материјали и задачи од наставникот или пак, наставникот да организира индивидуална настава во зависност од состојбата на ученикот, по прилагодена наставна програма на таквата состојба …
Continue Reading
Нови масовни апсења во Турција – „паднаа“ 14 фудбалери
Нов бран апсења во Турција спроведе локалната полиција по налог на обвинителството, кое со месеци истражува осомничени за наместување на голем број фудбалски натпревари. Во новата акција спроведена во петокот, уапсени се дури 29 лица, од кои 14 биле фудбалери, а 24 од нив се задржани во притвор, објавија локалните медиуми, цитирајќи го соопштението на Јавното обвинителство во Истанбул. Ова …
Continue Reading
Се наплаќале ПАП-тестови и други услуги кои ги покрива Фондот за здравство: извршени контроли поради претставки од граѓаните
Денес, директорите на Управата за јавни приходи и Фондот за здравствено осигурување одржаа заедничка прес-конференција на која го презентираа извештајот од спроведените заеднички контроли. Во ноември 2025 година извршени се заеднички контроли со Управата за јавни приходи (УЈП) во 49 ПЗУ (33% од вкупниот број договори). Контролите, како што беше истакнато, биле извршени поради зачестени претставки од осигуреници за наплата …
Continue Reading
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители. Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта. Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето …
Continue Reading
(Видео) Еруптира вулкан на Хаваите
Вулканот Килауеа на Хаваите еруптирал на Бадник, при што фонтаните од лава достигнувале висина до 427 метри. Шестчасовната ерупција се одвивала во кратерот Халемаумау на Големиот остров, а била регистрирана од камерите на Американскиот геолошки завод (USGS), пренесува USA TODAY. On the first anniversary of the start of the current summit eruption (Episode 1), lava is fountaining once again at …
Continue Reading
Гевгелискиот новогодишен базар од денес до 31 декември ги отвора вратите за празнична забава и заеднично дружење
Со свечена празнична атмосфера, музика и богата содржина, од денес (26 декември), на Градскиот плоштад во Гевгелија започнува Новогодишниот базар, кој ќе трае до 31 декември 2025 година. Настанот во организација на Општина Гевгелија, кој веќе традиционално го обединува празничниот дух, дружењето и локалната креативност, нуди разновидна програма наменета за сите генерации. Новогодишниот базар ќе се одвива во знакот на …
Continue Reading
Ги претепал сопругата и неговата мајка: насилство во Скопје
Во полициската станица Кисела Вода вчера во 12.15 часот бил извршен службен разговор со К.С.(39) од Скопје. Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, тој физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга и неговата 60-годишна мајка. Надлежните соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Continue Reading
Починат скопјанец пронајден во просториите каде што работел
Вчера во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во просторија на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пронајден е починат вработениот З.А.(57) од с.Мралино, општина Илинден. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Continue Reading
Уапсена актерка од серијата „Сулејман Величествениот“ во голема полициска акција во Истанбул
Во голема полициска акција во Истанбул, во рамки на истрага за дрога, уапсени се осум лица, меѓу кои и турската актерка Садет Езги Ејубоглу (37), соопштија надлежните институции. Ејубоглу е позната по улогата на Ајбиге Хатун во втората сезона од серијата „Сулејман Величествениот“. Според Истанбулското јавно обвинителство, налогот за нејзино приведување е издаден поради сомнежи за купување, поседување и користење …
Continue Reading